Му платиле да ја прими вакцината против ковид: “Инекцијата беше безболна, но малку ме уплаши она што се случи потоа”

Бестрашно момче, кое се согласило да биде лабораториско глувче, за вакцина за која дискутира целиот свет, детално ја опиша проедурата пред инекцијата, како и нуспојавите кои ги чувствувал после вакцината.

Џек Самерс бил дел од раната фаза на тестирањето на оксфордската вакцина против ковид-19 и сега детално опишал како изгледа целиот процес за учествување во испитувањето и што се чувствувал откако ја примил вакцината. Негова исповед за “Independent” ви ја пренесуваме во целост.

За прв пат се пријавив за испитување на вакцина на почетокот на мај. За пет посети во болница ми беа платени 235 фунти (нешто повеќе од 16.000 денари), во рацете имав разноразни игли и се почувствував како лабораториско глувче, се со надеж дека ќе помогнам во развојот на вакцината за која толку многу се дискутираше.

За ништо не се зборуваше толку многу како за нашиот потенцијален спасител од оваа криза, а испитувањето на вакцината на Универзитетот Оксфорд беше еден од можните одговори кои се развиваше ширум светот. Вакцината повеќе пати е истакнувана како најголема надеж за враќањето на на нашиот живот пред пандемијата.

Владата на Велика Британија вложила сериозна сума во тоа: ветила дека комбинирани 43 милиони фунти за лабораториите со седиште во својата земја кои вовеле испитување на луѓе. Првата фаза, во која и јас учествував, се случи во Англија во мај.

Постапката околу пријавата беше пообилна отколку што очекував. Имаше доста процедури и администрација, акко пријава за банкарска сметка, но со тоа ве следи и мал страв за убод. Се пријавив онлајн и таму ми го поставија секое можно прашање за мојата карктерна и здравствена историја, како за мене, така и за моето семејство. Кога ми ја одобрија вакцината, ме повикаа во болница.

Долго го чекал повикот од болница

Кога за прв пат заминав во болницата Свети Џорџ на југот на Лондон, два месеци се самоизолирав во својот стан: живеам сам и од неодамна сум невработен. Се најдов во чекалната опкружен со други луѓе за кои претпоставив дека беа од иста причина овде (единствени други испитни лица кои ги познавам се три макаки мајмуни).

При првата посета морате да дадете примероци од урина и крв, да пополните образец и да погледнете видео за тоа дека очекуваат дека ќе добиете само благи нуспојави. Потоа заминувате дома и чекате зелено светло кога сето тоа ќе се провери.

Во меѓувреме, моите пријатели и семејството имаа куп прашање, вклувајќи многу погрешни претпоставки дека ќе бидам изложен на коpонавирус во склопот на испитувањето. Тоа не е точно! Открив дека ме преплавуваат хуманитарните добри желби (но и мислите на неколку онлајн теоретичари на завери).

Два дена после мојата прва посета во болница, испратив емајл со дополнителни прашања зошто се уште не сум добил повик за враќањето на инекцијата. Одговорот во основаше гласеше: “Смири се и причекај”. Тогаш за прв пат започнав да чувствувам нервоза.

Ме повикаа и ме вратија во болница. Иако бев загрижен, тоа воедно беше и најблиското чувство до работно место кое сум го имал во последниве неколку месеци. Тоа беше примамлив подсетник на животот пред заклучувањето.

Самата инјекција била безболна

Мојата носталгија набрзо испари кога медицинската сестра започна да разговара за вакцини кои се даваат на мајмуни. Да се разбереме, го цениме жртвувањето на мајмуните за медицинска наука, но спокојната слика на лабораториски глувчиња во мојата глава засега навистина исчезна.

Се присетив на неколку пораки кои ги примив од луѓе од загрозени групи, вклучувајќи една жена со мултиплекс склероза која ми рече: “Правите нешто што би можело да им помогне на милиони луѓе”. Поради тоа јас, возрасен човек кој не сака игли, се чувствував бестрашно.

Самата инекција – единствената доза која ќе ја примите – беше безболна. Добив топломер и побараа секојдневно да ги бележам своите симтпоми во онлајн дневник. Изгледа дека мојата најголема нуспојава беше паранојата.

Не знам дали бев во 50% од испитаниците кои примија вистинска вакцина или во 50% vo контролните групи со плацебо, но два пати во првата недела лежев во кревет со благи симптоми на температура.

Досега не почувствувал поголеми нуспојави

Како што поминуваа неделите, не почувствував понатамошни симптоми. Мојата преокупација престана – успех за вакцината.

Некогаш не ми беше грижа која вакцина ќе излезе прва, но секоја добра вест за “мојата” вакцина ме натера да се развеселам и славам.

Тогаш, кога е објавено дека вакцинираните мајмуни добиле коpонавирус, се чувствував изгубено. За среќа, нема (намерно) да се соочам со вирусот на ист начин, но сакав да им кажам на своите внуци дека сум тестирал вакцина која го спасила човештвото, а не да бидам еден од заборавените резултати кои не успеале.

Гледајќи наназад, гледам дека погрешно се видов како главен јунак кој мораше да има најдобра приказна и најдраматични нуспојави. На крајот сфатив дека само во испитувањата на оксфордската вакцина ќе има илјадници доброволци.

Неуспехот и учењето се клучни за успехот на научниците, па дури и ако мојата вакцина не успее, никогаш нема да зажалам што сум еден од првите кој го додаде своето име на тој славен попис.

Автор на оваа исповед е Џек Сомерс од мај до денес не почувствував поголеми нуспојави на вакцината и засега не се заразил со коpонавирус, а вакцината од Оксфорд се смета за ефикасен и сигурен начин за намалување на ширењето на болеста ковид-19.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *