Навалете: Неколку болести и здравствени проблеми од кои младото кромидче може да ве ослободи

Јадете го што повеќе, бидејќи тој е неверојатно лековит.

Освен што помага кај настинката и намалувањето на високиот крвен притисок, младото кромидче има против воспалителни својства и делува против габички, стрес и умор.

Во продолжение проверете кои здравствени проблеми брзо ги решава зелениот дел од младото кромидче.

Одзатнување на носот

Згмечете го малку зелениот дел од лукот и неговиот сок натопете го на парче памук. Така влажен памукот ставете го на носот и подрачјето на синусите. Кромидот ќе ја активира слузницата и ќе ги отчепи дишните патишта.

Воспаление на грлото

Исечете го зелениот дел на парчиња, додадете му малку рендан ѓумбир и сол па се заедно ставете во платнена вреќа или крпа и загрејте ја. Топлата крпа замотајте ја во уште една крпа или пешкир и ставете ја на воспаленото подрачје.

Натечени нозе

Парче од зелениот дел на младото кромидче варете го неколку минути. Изматете го во блендер (ако треба додадете многу малку вода), додека смесата не се претвори во паста. Со таа паста мачкајте ги отечените делови од нозете.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *