Направила само една едноставна работа и заработила илјадници евра

Сите би сакале да привлечеме изобилство на пари во својот живот, но изгледа како нешто да не кочи во остварувањето на таа цел.

Знаете ли што е тоа? Нашите мисли. Нашите уверувања се погрешни.

Доколку сме насочени и мислиме дека не заслужуваме пари или дека парите ни бегаат од раце, токму тоа и се остварува. Мислите го кројат нашиот живот.

Одлучете се да верувате дека ќе привлечете богатство, како и сите останати видови на благостотојби во својот живот.

Насочете се кон верувањето дека можете да живеете во изобилство, како “Заслужувам да имам многу”, “Лесно заработувам пари”, “Секогаш имам и повеќе отколку што ми треба”.

Повторувајте ги овие позитивни реченици во себе доколку се грижите поради парите.

Започнете со приметување на богатствата со кои е исполнет вашиот живот. Бидете свесни за моментите кога другите се великодушни кон вас, кога ќе пронајдете монета на улица, кога ќе примите помала сметка отколку што сте очекувале, или кога некаде ќе добиете попуст. Сите тие ситни работи претставуваат изобилство во вашиот живот. Кога ќе започнете да ги забележувате и цените, ќе ви се случуваат се почесто и тоа се во поголеми количини.

Бидете начисто што всушност сакате. Наместо да изјавите “Сакам да бидам богата”, дознајте што конкретно сакате токму сега. На пример, можеби сакате да имате доволно пари за нов автомобил, или учество за нова куќа или стан.

Бидете великодушни. Колку сте поскржави, толку помалку убави работи ќе ви се случуваат во животот. Великодушноста секогаш се исплати повеќепати. Но, немојте да давате само за да бидете добри. Научете да давате со љубов без очекувања дека ќе добиете нешто за возврат. Давајте пари во добротворни цели, дарувајте ситни поклони за семејството и пријателите, дарувајте време и енергија. Ова не значи дека мора да се расфрлате со пари, но продолжете онолку колку што се вашите можности и не дозволувајте стравот од сиромаштија да ве спречи во вашата цел.

Размислувајте позитивно. Замислете дека сте најсреќната личност која ја познавате. Замислете дека луѓето ви велат: “Како успеваш во тоа, изгледа дека си постојано среќна?”, “Постојано смешкајте се и чувствувајте среќа и задоволство. Нема да помине долго време и тоа ќе ви се оствари”.

Развивајте го чувството на благодарност. Бидете благодарни за се што моментално поседувате – работа, доколку ја имате, вашиот личен имот, патувањата на кои сте биле, поклоните кои сте ги примиле. Бидете благодарни за своите способнности и таленти, за своето семејство и својот дом. Секоја вечер, наместо да одите со глава во ѕид и да размислувате за она што би сакале или она што го немате – заблагодарете се за она што го имате.

Следете ги овие навики денес и секој следен ден до крајот на својот живот. Нека тие станат дел од вас. Станете познати по својата великодушност, опуштеност со парите и личната среќа.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *