Наскоро ќе бидеме сведоци на чудо кое не се случило 800 години, не очекува глетка за паметење

„Двојна планета“ – спој на Сатурн и Јупитер, феномен кој не се случил 800 години

Пред да заврши истоштувачката 2020 година планетите ќе не изненадат со еден интересен феномен. Имено, Јупитер и Сатурн ќе бидат толку близу што ќе се чини дека формираат „двојна планета“. Ваква конкункција (спој) не се случила 800 години.

Кога нивните орбити се порамнуваат секои 20 години овие две планети доаѓаат многу близу една до друга. Ова е случај затоа што Јупитер го заокружува Сонцето секои 12 години, додека кај Сатурн се потребни 30 години.

Овој „спој“ е особено редок феномен и истиот не се случил од 1226 година.

Астрономот Патрик Хартиган од Универзитетот Рајс вели дека овие две планети ќе бидат видливи една до друга на небото и токму заради тоа феноменот е редок.

Впечатливо е тоа што истиот се поклопува со краткоденицата на 21 декември 2020 година, кога двете ќе бидат оддалечени само на 0,1 степен (што е помалку од дијаметарот на полна месечина).

Терминот „конјункција“ или „спој“ се користи од астрономите за да го опишат „состанувањето“ или „сретнувањето“ на објектите на ноќното небо.

Двете најголеми планети во нашиот сончев систем ќе бидат толку близу што ќе се чини дека се преклопуваат целосно, создавајќи редок ефект на „двојна планета“.

Како да се гледа појавата?

Минатиот пат кога имало ваква појава, планетите биле блиску до Сонцето (2000 година и било речиси невозможно да се набљудува). Но, овојпат, кратко по зајдисонцето, ниско на југозападното небо, гледајќи од северната хемисфера ќе може да се следи појавата.

Во текот на целиот декември двете планети ќе може да се следат на ноќното небо како се’ повсе приближуваат. Моментално,

Јупитер изгледа најсветол од сите ѕвезди, а Сатурн иакозатемнет, сепак е со препознатлив златен сјај.

Сатурн ќе се појави источно од Јупитер, а и двете планети нема да треперат туку постојано ќе светат. Ако е небото чисто, настанот ќе може да се следи од било каде на планетата.

Цел месец планетите ќе се појавуваат крајно блиску, а врвот ќе се достигне на 21 декември кога е и најкраткиот ден на северната хемисфера.

Следен ваков настан се очекува дури по 2400 година.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *