Наставничка: “Оваа година добив само шест поклони од децата, срамота, јас работам 32 часа неделно со нив”

Наставничката го раскажа своето непријатно искуство со учениците.

Наставничка се пожали на социјалните мрежи дека се чувствува потценето откако од учениците добила само шест поклони за празниците.

Иако 2020 изгледала како најдолга години, таа поминала, како и новогодинешните и божиќните празници. Во овој период многу родители купувале поклони за наставниците кои нивните деца ги образоваат во училиште. Најмалку што родителите можат да направат за наставниците е барем да им испратат честитка или благодарница за големата работа во текот на минатата година.

Една наставничка оставила голем број поделени мислења после пораката која ја оставила на социјалните мрежи.

Напишала: “Дали вашето дете им носи поклони на наставниците? И што? Прашувам бидејќи сум наставник. Работам во училиште во кои децата секогаш им поклонуваат некои поклони на наставниците. Обично добивам голем број разновидни поклони во текот на празниците, но оваа година добив само шест. Се чувствувам лошо. Минатата година беше тежок период и напорно работев”.

Оваа објава покрена лавина коментари.

-Знам дека е пандемија, но никој од родителите не остана без работа и навистина мислам дека сите можат да ми купат мал поклон.

Поминувам 32 часа неделно со децата, сигурно сум личност која заслужила, барем мал поклон – напишала оваа наставничка и додала:

-Сеедно, ова е мое прво јавно обраќање. Вчера бев нервозна и се уште мислам на тоа, па само сакав да слушнам нечие мислење – завршила таа.

Објавата покрена расправија и многумина ја коментираа нејзината објава:

Еден колега наставник и одговори:

“Ние, средношколските наставници не добиваме поклони”.

-Јас сум средношколски наставник и ние не добиваме поклони, нити ги очекуваме. Објавата не е на место.

-Исто така, сигурно знаете дека ова е една од најчудните и најтешките објави. не можам да верувам дека ви значат поклоните – напишала една наставничка.

Друг одговорил:

-Да, поклони за одделението купив сам од свои пари. Сакам да знаат дека ми значат и дека заслужуваат поклон.

-Добив неколку кутии чоколада од децата од моето одделение, и тоа многу ми значеше, гласеше друг коментар.

“Јас им купив поклони на своите ученици”.

-Работам во многу заостанато подрачје, децата беа толку благодарни на своите поклони. Никогаш, никогаш не би очекувала да од нив добијам поклон – напиша една скромна наставничка.

-Звучите многу незрело и сте го заборавиле значењето на Божиќ.

Меѓутоа, една мајка изјавила дека се согласува со учителката – но и истакнала дека за многумина ова е прилично стресно време.

-Секогаш купувам поклони за учителите. Да, плаќате, но тоа е професија за која сметам дека е потценета и недоволно платена.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *