Наташа искрено за своите родители: Цело наследство му го оставија на синот, тој нека им го носи презимето, јас нема

-Ако тие можат да се однесуваат како Балканци, можам и јас да се однесувам вака – порачала Наташа.

Српската актерка и водителка Наташа Аксентијевиќ (39) бурно реагираше кога водителката ја најави додавајќи го и нејзиното моминско презиме Миљуш.

Наташа веднаш реагирала изјавувајќи дека со тоа презиме нема ништо, а потоа ги поткачила така што изнела информација дека нејзе ништо не и оставиле, и дека се му доделиле на нивниот син.

-Кај го најде тоа моминско презиме да ми го додадеш? (насмевка) Немам јас со тоа ништо. Не сум емотивно врзана, мене ми е океј да бидам Аксентијевиќ – изјавила Наташа.

-Да тие родители ми оставија нешто во наследство, па да каже човек ајде носи го нивното презиме. Тие го имаат тој син што него се му оставија, па тој нека им го носи презимето, јас нема – додала таа.

-Ако тие можат да бидат Балканци, можам и јас да се однесувам вака – порачала Наташа во Гранд Магазин.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *