Научниците ги објави најубавите вести за оваа година поврзани со ковид-19, ова сите сакаа да го слушнат

Научниците тврдат дека една доза од ваkцината на Фајзер дава голема заштита, со што се појавува можност да втората доза и воопшто не биде потребна.

Истражувањето покажало дека немало евидентен напредок во давањето на втората доза после три или четири недели, што само укажува на силата од првата доза.

Една доза од Фајзер постигнува речиси полна ефикасност околу 11 дена од примањето, така што може да се испостави дека втората доза не е потребна, покажало истражувањето кое го извеле научници од Барнет универзитетот во Мелбурн.

-Ова се вести кои можат да донесат оптимизам. Ефикасноста на мРНА ваkцината против ковид започнува 11. дена од примањето. Ова отвора можност да се дојде до заштита во краток временски период – пренел њујоршкиот Medrxiv, сајт кој е во сопственост на непрофитната Kold Spring Harbor лабораторија.

Во текстот се наведува дека немало евидентен напредок во давањето на втората доза после три или четири недели, што само укажува на силата на првата доза (барем во краткорочни услови кога залихите се лимитрани) и помага на здравствените служби за поголема флексибилност кога станува збор за втората доза, доколку се утврди дека е неопходна.

Угледниот Форбс се повикува на Њу Ингланд Медисин Журнал, во кој се наведува истражување дека личностите кои ја добиле втората доза покажале силен имунолошки одговор на новите соеви на ковид, единствено одговорот бил помал на јужноафриканскиот сој.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *