Научниците и докторите конечно открија: Еве до кога навистина ќе мора да носиме маски и да држиме дистанца

Носењето на заштитни маски за лицето и држењето социјална дистанца би можеле да потраат уште неколку години додека не се вратиме на нормалниот живот, предвиде водечкиот биртански епидемиолог Мери Ремзи.

Ремзи изјавила дека основните мерки би можеле да бидат на сила додека другите земји успешно не ја спроведат имунизацијата, пренесува ББЦ.

Таа додаде и дека на враќањето на големите настани со публика ќе бара внимателно следење и јасни упатства за тоа како да се остане безбеден.

Според нејзините зборови, многумина ги прифатиле ограничувањата како порквиање на лицето на места каде што има гужба и држење на дистанца, а економијата и понатаму функционира.

“Луѓето се навикнаа на тие ограничувања од пониско ниво и луѓето можат да живеат со нив, а економијата и понатаму може да продолжи со тие помали строги ограничувања”, изјавила Ремзи.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *