Научниците и докторите предупредија на новата опасност за луѓето, не очекува пандемија во пандемија

Министерот за здравство на Австрија, Рудолф Аншобер предупреди денес, повод растечкиот број на новозаразени и се повеќе случаеви на заболувања со новиот сој, на опасноста од пандемија во пандемија.

За само неколку недели британскиот сој стана доминантен во Австрија, бидејќи го потисна досегашниот сој кој во петатата недела оваа година имал удел од 61,5 отсто, а во осмата недела 36,3 отсто.

Британскиот сој во меѓувреме е причинител за заболување од ковид 19 во 58,4 отсто од случаите во Австрија.

“За Австрија доминантноста на британскиот сој не е добра вест. Тој е позаразен отколку основниот вирус, и тоа, во Австрија, за 23 отсто”, нагласил тој.

Аншобер истакнал дека сега е важно да се почитуваат мерки за, и покрај доминантноста на британскиот сој, добро да се помине низ кризата до Велигден.

“После Велигден ќе биде полесно, бидејќи поради повисоките температури граѓаните ќе престојуваат помалку во затворен простор, а и ќе се достигне поголема стапка на ваkцинираност кај жителите”, објаснил тој.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *