Научниците конечно открија како можат да “подмладат” некој за 10 до 20 години

Шпанската компанија Грифолс се надева дека од крвната плазма на младите доброволци ќе извлече нешто многу вредно – сет на молекули кои би можеле да направат пресврт на процесот на стареење. Во истражувањето за можностите за сопирање на процесот на стареење и подмладување се вложуваат се повеќе пари, а според поединечни изјави, станува збор за милијарди долари.

Нешто порано оваа година, компанијата Грифолс склучи договор за купување на Алкахеста, компанија која ја основал невролог од Универзитетот Стенфорд, Тони Вис-Корај, а кој, заедно со Саул Вилд, во научните работи објавени во 2011 и 2014 година, открива дека крвта на младите глувци имал наизглед чудесни ефекти на мозокот на постарите глувци.

Тоа откритие е поткрепено со истражување наречено геронаука, која се обидува да ги разбере молекуларните механизми на клетките кои го прават стареењето главен фактор за ризик и предизвикувач на вообичаени хронични состојби и болести кај постарите лица, според наводите на Националниот институт за здравје.

Во последниве шест години, Алкахест идентификувале повеќе од 8.000 протеини во крвта кои се потенцијална ветувачка терапија.

Напорите на Алкахеста и Грифолс резултирале со најмалку шест испитувања во втората фаза, кои се завршени или кои се во ток, за лечење на широк спектар на болести во старосна доба, вклучувајќи и Алцхајмерова и Паркинсонова болест.

Алкахест и другите медицински стартап компании сигнализираат промена во размислувањето за некои болести со кои се соочува човештвото. Тие во фокус го ставаат единствениот најголем фактор од сите ризици, стареењето на човекот.

Нивната цел е хакирање на самиот процес на стареење, и во тој процес, одложување или спречување на појави на многу болести кои најмногу се поврзани со стареењето.

Идејата дека стареењето и болеста одат рака под рака, секако, не е ништо ново. Ново е новооткриената доверба на научниците дека стареењето може да се мери, корегира и контролира.

Резултатот на ваквиот начин на размислување е поплава на инвестиција и експлозија на истражувања за тоа што точно не оди по план во човечкото тело, како што тоа започнува да старее.

Во месеците предп андемијата, инвеститорите издвоиле милијарди долари за финансирање на биотехнологија чија цел е комерцијализација на нова наука.

Некои биотехнолошки компании развиваат лекови и инфузии за дизајнирање да ги исчистат зoмби клетките и метаболичките нечистотии кои се акомулираат во телото со години.

Други пак, се надеваат дека ова ќе внесе нова енергија во клетките и дека ќе го поттикне телото на корисни акции со додавање на хормони или протеини кои недостасуваат, односно чие ниво опаѓа како што започнуваме да старееме.

НИА, под раковоство на Ричард Ходс, неодамна најавила дека планира да во наредни пет години потроши околу 100 милиони долари на истражувања насочени кон разбирње на стареењето на клетките.

“Немате поим колку луѓе се заинтересирани за вложување на пари во долговечност. Станува збор за милијарди долари” изјавил Нир Барзилаи, директор на Институтот за истражување на стареењето на Медицинскиот колеџ Алберт Ајнштајн на Универзитетот Јешива.

Голем дел од овие напори и понатаму се во предклинички развој, но се поставува прашањето што би можело да се случи доколку овие препарати навистина ги исполнат своите очекувања. Дали сиромашните млади луѓе ќе бидат приморани да ја продаваат својата крв на старите милионери и милијардери кои сакаат да изгледаат и да се чувствуваат 10 до 20 години помладо?

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *