Научниците открија како да го продолжите вашиот живот за 10 години

Истражувањето од Универзитетот Харвард, на кое експертите работеле повеќе од 30 години, успеала да одреди пет приоритети кои треба да се сместат во вашето секојдневие доколку сакате да живете поздраво и вашиот живот да го продолжите за барем десет години.

Ова истражување ја нагласува важноста на тоа да ги следите здравите животни навики кои се поврзани со долговечноста.

“Меѓутоа, малку луѓе имаат здрави животни навики и поради тоа државите би требало со одредени програми да го поттикнат здравиот начин на исхрана како и градењето на социјална околина за подршка и промовирање на здравата исхрана и начинот на живот” изјавил Франк Ху, шефот на катедрата за исхрана на Харвард и автор на истражувањето на кое работеле повеќе од 30 години.

Она што сакале да го откријат е навиките и приоритетите кои треба да се вметнат во секојдневието за да го поправите и зачувате вашето здравје и за да го продолжите вашиот живот за барем 10 години.

Конзумирањето на здрава исхрана како овошје, зеленчук и здрави белковини, е од витална важност за одржување на вашето целокупно здравје, напоменуваат тие, но тоа не значи дека постои единствен пристап до добрата исхрана.

Постојат состојки кои се лоши за сите, како на пример шеќерот, но некои луѓе можат да толерираат повеќе шеќер од останатите. Некои луѓе на пример имаат потреба да јадат помрсна храна бидејќи треба да ја зголемат телесната тежина. Проблемот настанува кога храната се рекламира како здрава, иако нема шанси поголемиот дел од нутриционистите да сметаат дека е здрава.

Движењето е исто така многу важно. Без оглед на тоа дали одите во лесни прошетки во вечерните часови или го вежбате цело тело, секојдневното движење е клучно за да се чувствувате подобри и да изгледате најдобро што можете.

“Тренинзите дома се пресудни. И додека работите од дома, би требало да ви биде уште полесно здраво да се храните, бидејќи имате пристап до својата кујна во секој момент. Искористете ја шансата да јадете дома и да готвити хранливи оброци”, изјавила Саманта Ворен, експертка за продуктивност.

Според ова истражување од Харвард, контролата на телесната тежина значително го намалува ризикот од дијабетис, кардиоваскуларни болести и карцином.

Тоа не значи дека веднаш би требало да го изгубите секој килограм кој е вишок, туку да ја одржувате телесната тежина на ниво на кое вие се чувствувате најдобро.

Редовното конзумирање на алкохол и цигари исто така не му прави никаква услуга на вашето тело, порачуваат експертите. Иако повремена чаша црно вино не штеди, истражувањето препорачува ограничување на внесот на алкохол на една чаша вино дневно за жените и до две чаши вино за мажите.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *