Научниците предупредуваат: На планетата наскоро ќе се случат големи промени, кои на луѓето нема да им се допаднат

Научниците предупредуваат на мразот кој се топи со рекордна брзина, на Арктикот кој наскоро би можел во целост да го промени светот кој го познаваме денес.

Научниците предупредуваат дека мразот на нашата планета се топи со рекордна брзина како последица на климатските промени.

Новите истражувања покажале дека доколку процесот на топење продолжи со исто темпо, Арктикот би можел да остане без лед до 2035 година.

Во извештајот на Европската вселенска агенција, објавен во стручниот магазин Cryosphere, научниците предупредуваат дека мразот на нашата планета се топи со рекордна брзина, што е последица на климатските промени предизвикани од човечката цивилизација.

Авторите на истражување укажуваат на тоа дека во светот во период од 1994 до 2017 година, се стопиле околу 28 милијарди тони лед, што е еквивалент на блок со дебелина од стотина метри и поголемина на Велика Британија. Научниците изнеле и податок по кој милијарда тони лед, кога би се обликувал во коцка, би досегнал висина поголема од Монт Еверест.

Во текот на 23 години долгиот период на проучување, истражувачите воочиле речиси 60 проценти глобално зголемување на стапката на топење на мраз.

“Не изненади кога заклучивме толку голем пораст во неполни 30 години”, изјавил коавторот на истражувањето Томас Слатер, глациолог од британскиот Универзитет Лидс.

Од 2012 година, стапката на топење на ледот на Антарктикот се зголемила тројно во споредба со претходни две децении.

Пораст на атмосферската температура за околу 1,1 целзиусов степен

Во текот на деведесетите години од минатиот век, годишно се топеле околу 0,8 милијарди тони мраз, а до 2017 година, таа бројка достигнала дури 1,2 милијарди тони годишно. Глобално, атмосферската температура пораснала за околу 1,1 целзиусов степен во однос на прединдустринскиот период, но на Арктикот во последните 30 години, стапкатан а загревање е зголемена двојно повеќе од светскиот просек.

Новите истражувања покажуваат дека се поверојатно е сценариото од кое научниците најмногу се плашеа. Доколку процесот продолжи со исто темпо, многумина мислат дека постојат изгледи да Арктикот практично остане без мраз до 2035 година.

Топењето на мразот на Антарктикот и Гринланд, како и оној од планинските глечери во последните триесетина години влијаеше на подигнувањето на просечното ниво на морето за 3,5 сантиметри. Слатер предупредил и дека подигнувањето на нивото на морето во овој век, ќе има сериозно влијание на животот на жителите на крајбрежните подрачја.

Истражувачите од Европската вселенска агенција, до сознанијата дошле со анализа на глобални сателитски податоци, а резултатите од своите истражувања ги поврзале со истражувања спроведени на копенниот дел на поларните региони, како и со истражувања на 215.000 планински глечери. Геологот Габриел Волкен од Одделот за геолошки и геофизички истражувања на Алјаска, коавтор на Арктичкиот извештај за 2020 година, кој не учествувал во ова истражување вели дека жителите на Алјаска се и текако свесни за губитокот на ледената покривка чиј промени секојдневно се гледаат со голо око.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *