Научниците пронашле 47 милиони години стара мува, погледнете како изгледа

Меѓународен тим од научници на чело со Фридгеир Гримсон од Виенскиот универзитет пронашол досега непозната фосилизирана мува во јамата Месел во Германија, која се наоѓа под заштита на Унеско.

Во стомакот на мувата е пронајден полен од различни растенија со што научниците добиле увид во начинот на исхраната, тогашната екологија и улогата на мувите како опрашувачи. Истражувањето е објавено во стручниот магазин “Current Biology”.

Поленот во стомакот на пронајдената мува од родот Хирмонеура им овозможила на научниците да ја реконструираат нејзината околина, биолошката интеракција помеѓу растенијата и мувите, како и однесување на мувите при земањето на храната. Денес во типичните опрашувачи се вбројуваат пчелите, пеперутките и бумбарите кои делумно се хранат со полен. Помалку е познато дека и мувите играат важна улога во процесот на опрашување.

“Содржината на поленот во стомакот на фосилната мува, доведува до заклучок дека мувите пред 47 милиони години се хранеле со полен и биле значајни за ширење на поленот на различни растителни таксони”, објаснува Гримсон од Одделението за ботаника и истражување на биодиверзитетот и додава:

“Во старите суптропски и тропски екосистеми мувите веројатно биле позначајни опрашувачи од пчелите”.

Во стомакот на мувата е пронајден доминантно полен од водена врба и моминско грозје. Водената врба расте во предели богати со вода, додека моминското грзоје расте на дрва. Се претпоставува дека мувата не преминувала големи разлики во потрага за храна и дека барала полен на растенијата во околината.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *