Најбогатите американски претседатели можеле да купуваат цели држави

Уште пред цели четири години, пред да стане претседател на САД, се шпекулирало дека Доналд Трамп ќе биде најбогатиот човек кој седел во Овалната канцеларија. Сајтот 24/7 Wall St. неговото боатство го проценува на околу 3,1 милијарда долари, со што Трамп е далеку пред “конкуренцијата”.

Сепак, тешко дека останатите претседатели на САД биле сиромашни. Сајтот 24/7 Wall St. направил интересна споредба – ги претвориле сите имоти на сите претседатели на САД во историјата во долари колку тие вредат во 2020. година, со што е составена листата на најбогати претседатели на Америка.

Foto: GettyImages, Keystone / Stringer

Бил Клинтон – 42. претседател на Америка (1993-2001)

Богатство: 75,9 милиони долари

Извор на богатството: Клинтон всушност се збогатил пред да престане да биде претседател. Заработил милиони од својата автобиографија “Мојот живот”, а дел од богатството го стекнал и од неговата сопруга Хилари и нејзините мемоари “Тежок избор”. И тој и таа многу заработуваат како говорници.

Foto: GettyImages, Keystone / Stringer

Херберт Хувер – 31. претседател на Америка (1929-1933)

Извор на богатството: Хувер е вистински “милионер од кал”. Израснал како сираче, дипломирал на Универзитетот Стенфорд и работел како рударски инжинер пред да влезе во политиката. Купил неколку рудници во кои подоцна е пронајдено сребро, со што тој станал исклучително богат.

Неговото богатство се проценува на 83 милиони долари.

Foto: GettyImages, Keystone / Stringer

Линдон Џонсон – 36. претседател на Америка (1963-1969)

Богатство: 109,3 милиони долари.

Извор на богатството: Џонсон бил млад, амбициозен, но сиромашен млад човек се додека не ја оженил Клаудија Тејлор, една од најбогатите жени на своето време. Заедно ја создале империјата во Тексас, но најголемиот дел од своите пари доаѓале од радио-станицата која била во сопственост на госпоѓата Тејлор.

Foto: GettyImages, National Archives / Handout

Џејмс Медисон – 4. претседател на Америка (1809-1817)

Богатство: 113,3 милиони долари

Извор на богатството: Родителите на Медисон биле екстремно богати плантажери и тој го наследил семејниот бизнис. Пред крајот на животот бил во долгови поради лоши инвестиции и семејниот живот после неговиот посвоен син.

Foto: GettyImages, Hulton Archive / Stringer

Ендру Џексон – 7. претседател на Америка (1829-1837)

Богатство: 132,6 милиони долари

Извор на богатството: Џексон е еден од ретките претседатели на САД кој се всушност родени сиромашни. Богатството го стекнал работејќи како правник, но и поради својот брак. Наследил огромни суми на пари од сопругата Рејчел, која починала малку пред тој да стане претседател.

Foto: GettyImages, Hulton Archive / Stringer

Теодор Рузвелт – 26. претседател на Америка (1901-1909)

Богатство: 139,7 милиони долари

Извор на богатството: Скоро целокупното богатство го наследил. Целиот живот бил во јавна служба и се смета дека во неа не заработил многу. Комфорниот живот му го овозможил семејното богатство.

Foto: GettyImages, National Archives / Handout

Томас Џеферсон – 3. претседател на Америка (1801-1809)

Богатство: 236,8 милиони долари

Извор на богатство: Џеферсон пред влегувањето во политиката бил богат земјопоседник и поседувал голем број фарми. Сепак, интересно е што умрел како човек во долгови бидејќи живеел луксузно и надвор од своите можности.

Foto: GettyImages, Hulton Archive / Stringer

Џорџ Вашингтон – 1 претседател на Америка (1789-1797)

Богатство: 587 милиони

Извор на богатството: Најголемиот дел од вогатството го наследил од полубратот, но се збогатил и како генерал, а подоцна и политичар.

Foto: GettyImages, Central Press / Stringer

Џон Кенеди – 35. претседател на Америка (1961-1963)

Богатство: 1,1 милијарда долари

Извор на богатството: Богатството на Џон Кенеди е незгодно за вакви проценки, бидејќи поголемиот дел од него е наследено. Кенеди е роден во исклучително моќно семејство, богато со неколку генерации.

Foto: GettyImages, Chip Somodevilla / Staff

Доналд Трамп – 45. претседател на Америка (2017 – моментално)

Богатство: 3,1 милијарда

Извор на богатството: И трамп е роден во квила и кадаиф. Се проценува дека од својот татко, освен работата со недвижностите, наследил и 413 милиони долари и после тоа сумата повеќекратно ја зголемил. Во споредба со него, неговиот противкандидат на изборите Џо Бајден, чие богатство Форбс го проценува на само 9 милиони долари, изгледа како прилично сиромашен дечко.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *