Најбогатите луѓе на светот живеат токму во овој град, кој би помислил?

Своето место на живеење, како и локацијата за бизнис на богатите луѓе, се избира на основа на анализа на низа фактори. Изборот е најчесто градот за кој се верува дека никогаш не спие.

На нашата планета постојат многу дестинации кои се погодни за живот за луѓето со длабок џеп, бидејќи таквата популација нуди шанси за уживање во различни содржини, како и во поубавата страна на животот, пишува Магазинот Лукслајф.

Њујорк е еден од градовите кои како магнет ги привлекуваат луѓето кои имаат големи соништа, па во него живеат околу милион милионери, повеќе отколку во било кој друг рад на светот.

И додека овој град има најмногу ултрабогати, титулата за град со најгусто населени милионери и милијардери му припаѓа на Монако, каде што секој 29 жител е ултрабогат. Позади Монако, не заостанува ниту Аспен, Колорадо.

Според извештаите на компанијата Богатство Х, која се занимава со финансиски истражувања на платформи за недвижнини, се истакнува дека ниту еден град нема поголем број на индивидуални сопственици на недвижнини со огромно приватно богатство, поголемо од 30 милиони долари, колку што ги има Њујорк.

Заедничкото истражување се обидува да открие каде живеат најбогатите луѓе. Се испоставило дека тоа е Њујорк, каде што дури 24.660 луѓе припаѓаат на ултрабогатата класа.

на второ место е Лос Анџелес во кој живеат околу 16.295 богати, потоа Лондон со 14.485, па Хонгконг и Париз.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *