Најголемите грешки при миење на садови во машина, некои работи не смеете да ги ставате во неа

Миењето садови во машина може да ви изгледа како рутинска работа, меѓутоа можно е да правите грешки кои доведуваат до неправилна работа на овој корисен домашен апарат.

Погледнете што треба да избегнувате за да го искористите целиот потенцијал на машината за миење садови, а вашите садови ќе останат чисти, блескави и неоштетени.

Ја преоптоварувате машината

Доколку се обидете да ставите што е можно повеќе садови, ќе завршите така што ќе мора да правите дупла работа. Доколку водата не може да допре до секој сад, ќе мора да го повторувате процесот на миење или валканите садови да ги исперете со раце.

Неправилно ги редите садовите

Потребна ви е правилна стратегија кога ставате садови во машина. Највалканите ги ставате во средина за прскалката од машината да им биде поблиску. Исто така, потрудете се ништо да не го блокира делот за детергент.

Ставате пакетче со детергент директно во машината

Една доза детергент би требало да се стави во делот специјално наменет за таа цел. Доколку детергентот го вметнете директно во машината, ќе се раствори пред време во текот на предперењето, па нема да остане доволно препарат за главниот циклус на перење.

Неправилно ги редите чашите на горната решетка

Чашите би требало да ги ставате помеѓу решетките, се со цел да не се скршат или да нив да останат некакви дамки.

Го мешате среброто и нерѓосувачкиот челик

Доколку овие два материјали се допрат, може да дојде до непосакувана меѓусебна реакција.

Во машината перете дрвени, процелански или други садовите кои се рачно насликани

Ова е грешка која за жал, само еднаш ќе ја направите. Затоа е подобро да драгоцените и чувствителни садови или кујнскиот прибор да го измиете рачно.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *