Најдобриот другар ми ја уништи свадбата, сопругата плачеше со денови поради она што го направи

Најдобриот другар ми ја уништи свадбата, сопругата плачеше со денови бидејќи тој побара…

Вака, пред да започне корона кризата, со сопругата правевме свадба, решивме да ја овековечиме љубовта која трае повеќе од 8 години.

Нормално, знаеја сите, најдобри пријатели и блиски роднини, кога во еден момент мојот најдобар пријател ме праша дали на денот на мојата свадба може да ја запроси неговата девојка.

Мојот одговор беше негативен, бидејќи тоа е сепак мој ден, и сакав со својата сопруга да бидеме во центарот на вниманието, и тоа да биде наша вечер која ќе ја паметиме до крајот на животот.

И ќе ја паметиме. Но не по добро, туку по најужасното нешто кое ми го направи најдобриот пријател.

Иако мојот одговор беше негативен, на денот на свадбата, на нашиот прв танц, тој го грабна микрофонот, го прекина нашиот танц, и ја побара неговата девојка за жена.

Како што и замислував, сите луѓе ги гледаа нив, ракоплескаа, се собраа речиси сите, на нашиот прв танц, ние веќе бевме во последен план.

Свадбата продолжи, меѓутоа немаше никаква атмосфера, мојата сопруга плачеше со часови и денови после свадбата.

После она што ми го направи, го избришав од мојот живот, а ми беше како брат, вели 30 годишен маж кој сака да остане анонимен.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *