Најскапата крава на светот е продадена за 300.000 евра, а името го добила по славната пејачка (ФОТО)

За оваа крава, денес наголемо се зборува.

Британската модна дизајнерка и поранешна пејачка на групата Спајс Грлс, Викторија Бекам беше пример за многумина, а помеѓу обожавателите се нашол и еден фармер.

Тој на својата најценета крава пред 4 години и го дал името Пош Спајс, што бил прекар на сопругата на Дејвид Бекам.

За кравата Пош Спајс, од расата лимузин, денес сите пишуваат бидејќи токму таа е продадена по цена од 299.000 евра.

Пош Спајс е потомок на наградувани говеда – нејзината мајка Милбрук Џинџер Спајс, досега го држела британскиот и европскиот рекорд за цена, кој го поставила кога е продадена во 2014. година.

Сопственичката на продадената крава, Кристин Вилијамс, изјавила дека има чувство како да добила на лотарија и дека конечната цена била неверојатна.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *