Најтажната сцена пред зградата каде живееше Џеј Рамадановски: Комшиите ги отворија прозорците и ја пееја “Недеља, а сви смо ту”

Легендарниот Џеј Рамадановски почина денес на 56. годишна возраст, а соседите потресени од тажната вест на посебен начин му оддадоа почит на фолкерот.

Имено, пред зградата на Дорчула во која живеел Џеј, одекнува песната “Недеља”.

Сите ги отворија прозорците и ги пеат најголемите хитови на фолкерот, кој го обожаваа сите генерации и без чиј песни не можеше да се замислат нашите веселби.

Џеј во неодамнешното интервју изјави дека е во строг карантин поради здравствените проблеми кои ги има и дека коpоната би била погубна за него.

“Не смеам никаде да излегувам за да не дојдам во ризик да се заразам. Веќе имав здравствени проблеми со срцето и вирусот за мене може да биде кобен. Не се гледам дури ни со најдобрите пријатели и морам да признаам дека многу ме недостасува кафана. Боем сум во душата и едвај чекам повторно да заминам во некоја биртија кога сето ова ќе помине, иако не би смеел да се напијам”.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *