Најубавата баба на светот ја откри тајната на младиот изглед, еве зошто изгледа како да има 20 години (ФОТО)

Џина Стјуарт од Австралија со својот младолик изглед ги воодушевува следачите на социјалните мрежи, а сега открила како успева толку добро да изгледа иако наполнила 50 години, и веќе е баба.

Австралијанката има проблем да докаже дека има 50 години и дека е баба. Многумина ја прашуваат која е тајната на нејзиниот изглед, а таа секогаш одговара дека здравата исхрана е еднакво важна како и здравиот дух.

“Навистина верувам дека духот е посилен од материјата. Најдобриот совет е да се обидете да останете смирени. Знам кои се моите извори на стрес и се трудам да го намалам нивното влијание на мене што е можно повеќе. Доколку сепак се најдам во преплавена ситуација и доживеам стрес, во себе пронаоѓам мирно место и повторно ги полнам батериите пред да тргнам понатаму”, објаснила таа.

Џина, која има преку 300.000 следачи на Инстаграм верува во моќта на позитивното размислување и елиминирање на негативностите во животот. Освен што позитивно размислува, оваа баба редовно шета, пие многу вода и се обидува здраво да се храни.

“Живеам во близина на плажа и сакам боса да шетам покрај морето секој ден. Правам 10.000 чекори дневно, а тоа ми помага да одржам добро расположение. Со тоа пијам и многу вода и јадам антиоксиданси. Боровинките се моето омилено овошје”, изјавила таа.

Својот 50. роденден го прослави во луксузен ресторан, но и во текот на прославата, таа сепак внимаваше што јаде.

“Од исхраната го исфрлив целиот глутен и многу подобро се чувствувам за разлика одкога јадам помали оброци со здрави намирници. Мислам дека ние ме она што го јадеме, чувствуваме и мислиме. Сето тоа не храни на разни нивоа секојдневно”, заклучила Џина Стјуарт.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *