Најубавата девојка на светот сллужи воен рок и се забавува со милијардер, но не може да се спаси од хејтерите

Убавицата од Израел работи како модел и актерка, и е нова сопственичка на најубавото лице на планетата.

Јаел Шелбиа (19), израелски модел и актерка, се најде на врвот на листата на “100 најубави лица на годината”, натпреварување кое своевремено го прослави шеестгодишната Тилен Блондо, позната како најубава девојка на светот.

-Бев многу изненадена, не ни знаев дека сум номинирана за овој натпревар – изјави прекрасната Израелка.

-Не знам зошто баш мене ме избраа, убавината е индивудуална работа, по мое мислење, сите жени се убави. Она што личноста ја прави убава се љубезноста, скромноста и позитивниот став. Кога сте добри, тоа ви се гледа во очите, бидејќи очите никогаш не лажат.

Откако ја понела престижната титула, Јаел момците започнале да ја претрпуваат со романтични пораки преку социјалните мрежи. Сепак, имало и оние кои ја надминале границата на пристојност.

-Имам повеќе од 200.000 нови следачи на Инстаграм, но не сите пораки кои ги добивам се убави. Покрај оние кои се полни со љубов и поддршка, има и хејтери, но на тие не обрнувам внимание – вели таа.

Девојката со најбуаво лице на светот потврдила дека се забавува со Брендон Корф (36), внук на милијардерот Самнер Редстон.
-Заедно сме година дена. Многу е среќен и горд поради мене – вели Јаел.

Брендон е, како што наведуваат израелските меидуми, минатата година во јуни е депортиран од Израел поради кршење на карантринските мерки.

Покрај тоа што работи како мдоел, Јаел е ангажирана и во ТВ серии.

-Израснал во мал град на северот на Израел, во религиозно еврејско семејство. Имам четири браќа и сестри. Нашата фамилија е со потекло од Тунис и е многу бројна – открила таа.

Во светот на моделингот влегла како тинејџерка, и тоа поради родителите.

-Тие одлучија да ми отворат Инстаграм профил, иако јас тоа не го сакав. Локалните фотографи забележи мои фотки на Инстаграм и ме праша дали би сакала да се фотографирам. Останатото е историја.

Кога ги добила првите агнажмани, Јаел одлучила да се пресели во Тел Авив. Била, како што вели, фоксуирана на тоа да ги оствари своите цели и да по секоја цена ја сочува независноста.

Во моментот кога е прогласена за девојка со најубаво лице на светот, Јаел служела задолжителен воен рок во израелското воздухопловство.

-Голема чест ми е што и служам на својата земја, имам голема одговорност и како војник и како јавна личност – децидна е оваа убавица.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *