Најчестите здравствени проблеми предизвикани поради нагли промени на времето

Познато е дека временските промени предизвикуваат многу проблеми, а неколку здравствени промени најмногу се појавуваат во овој период.

Наглите промени на температурата, воздушниот притисок и нивото на влажност ја објаснуваат мигрената, болката во зглобовите и промените во притисокот.

Болка во зглобовите – поради големите промени кои се случуваат во атмосферата, нивото на течности која се наоѓа во зглобовите се менува и предизвикува болка во коските.

Мигрена – поради температурата се стеснуваат или прошируваат крвните садови во центарот на мозокот заслужни за надзор на телесните функции, што доведува до тешки главоболки.

Осцилација на притисокот – Наглите промени на температурата на воздухот доведуваат до ширење на крвните садови и намалување на концентрацијата на кислород. Осцилацијата на притисокот посебно е опасна по личности кои веќе имале мозочен или срцев удар. Наглиот пораст на притисокот го зголемува ризикот од повторен инфаркт, додека скокот на долниот може да предизвика шлог. Личностите кои имаат хипертензија, исто така мора да се грижат за своето здравје.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *