На Европа и требаат 11 милиони работници од овие струки, a платите се едни од највисоките

Два милиони здравствени работници за долготрајна нега не се родени во земјата во која работат.

До 2020. година во Европската Унија ќе бидат потребни дополнителни 11 милиони здравствени и работници за долготрајна нега за да се задоволат барањата кои за себе ги носат стареењето на жителите, покажува извештајот кој го извршил Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија, пишува српски Телеграф.

Голем дел од потребата за таква работна сила сега се обезбедува од домашниот систем на образование и оспособување, но се поголема улога имаат миграцијата и мобилноста на работната сила во внатрешноста на Европската унија. Во 2018. година, речиси два милиони здравствени и работници за долготрајна нега не се родени во земјата во која работат.

-Европа е континент кој е стар и мора да се подготви за се поголема побарувачка за работна сила во долготрајната нега. Нашиот заеднички предизвик ќе биде обезбеден со пристапна, квалитетна долготрајна нега и одговарачка работна сила – изјавила потпретседателката на Комисијата за демократија и демографија Дубравка Шуица.

Иако бројот на странски работници во долготрајната нега и здравствената заштита во последните години растеше во Европската унија и достигна 13,2 отсто од вкупната работна сила во тој сектор, тој раст е значително помал отколку во Велика Британија или Соединетите Држави. Освен тоа, тој раст во Европската унија не е подеднакво распореден, две третини од нив работат во само пет држави членки, односно Германија, Италија, Шведска, Француска и Шпанија.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *