На крајот од животот сите луѓе жалат поради овие неколку работи

Кога ќе дојде судниот ден, сите сме исти, богати, сиромашни, црни, бели, жолти, на крај, сите сме луѓе, чија улога на светот е завршена.

Луѓето постари од 70, 80 и 90 години, ги интервјуирале за тоа за што најмногу жалат на крајот од животот.

Овие четири работи остануваат непроменливи низ текот на десетици, десетици години.

На прво место: Жалење што поголемиот дел од животот го поминале на работа која не ја сакале.

На второ место: Што толку малку време посветиле на саканите личности.

На трето место: Жалење што не воделе повеќе сметка за своето тело – правилно да се хранат, што не вежбале и не воделе сметка за своето здравје.

На четврто место: Што недоволно го прошетале светот.

Никој, никогша не жалеш што немал подобар автомобил, голема куќа, повеќе пари. Никој не жалеш што не бил повеќе време во кафана или во дискотека.

Сите кои се жалеле, се жалеле само поради една работа: Што немале храброст да живеат живот онаков каков што сакале.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *