На момчето со дрес на Меси од пластична кеса, животот му се претвори во пеkол

Заминавме во Катар и мислевме дека Меси ќе ни помогне, но не направи ништо за нас, изјавил таткото на Муртаз, Ариф за “Bleacher Report”.

Муртаз Ахмади, момчето од Авгатнистан кој го запозна својот идол Лионел Меси, откако светот го обиколи неговата фотографија со дрес направен од пластична кеса со името на славниот фудбалер, моментално проживува вистински кошмар.

Загрозена безбедност

Тогаш петогодишникот беше хит на социјалните мрежи, откако неговата фотографија во сино-бел дрес со натпис Меси 10, ја објави неговиот постар брат. Ахмади потоа го доживеа својот животен сон – Меси му го подари неговиот дрес и фудбалска топка при натпреварот во Доха.

Но, после тоа се тргнало на лошо. Наместо да добијат азил во Шпанија, на што се надевало семејството на момчето откако ја слушнале приказната за сириското момче Заида Абдул на кој Кристијано Роналдо му обезбедил азил, се вратиле во Авганистан.

-Заминавме во Катар и мислевме дека Меси ќе ни помогне, но не направи ништо за нас. Кога се вративме, луѓето започнаа да не испитуваат дали добивме пари од Меси? Се мотаа околу нашата куќа навечер и тоа не возне.мируваше – изјавил неговиот татко за “Bleacher Report” кој одлучи да направи документарец за момчето.

Потоа, примиле писмо од талибаните кои им се заkаниле со кид.на.пир.ање после што семејството поднело барање за азил, што е одбиено.

Но и понатаму го обожава Меси

После сите драми, неговите родители одлучиле да малиот Муратз повеќе нема да оди во училиште и го испратиле да живее со вујкото во Кабул поради страв. Но, талибаните повторно се појавиле покрај Муртаз.

-Пред да го запознае Меси беше среќно момче, зборуваше и постојано си играше. Сега не зборува многу. Таа ситуација ни го упропасти животот, не ни требаше тоа – изјавил неговиот татко.

Муртаз, кој се вратил на семејството минатото лето, бил запрашал дали мислел дека е подобро да никогаш не го облекол тој пластичен дрес, на што тој одговорил.

-Сеедно би го носел, бидејќи го обожавам Меси.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи:

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *