На ова место еден метар квадратен чини колку стан во центарот на Скопје

Сакате да закупите недвижнина во Монако? Подгответе се, бидејќи и за најобична гарсоњера на Азурниот брег (ако воопшто ги има) мора да издвоите преку милион евра.

Сликовитата француска енклава повторно е прогласена за најскап дел на светот кога се работи за купување на недвижнини.

Во прашање е чест, која овој локалитет ја добивал секоја година од 2017 година.

Оваа година, победата ја однесе прилично убедливо – просечната цена на метар квадратен е 47.600 евра, додека на второ место се наоѓа Хонг Конг со цена од 39.600 евра по метар квадратен. Њујорк ја зазеде третата позиција со просечна цена од 22.200 евра.

Броевите ја рефлектираат продажбата минатата година, па треба да знаете дека се нешто пониско во однос на претходната година поради пандемијата. Трансакциите опаднале за 11 проценти во текот на годината, а поседите со цени под 5,8 милиони долари биле најатрактивни.

Зошто цените во Монако се премногу високи?

Па, за почеток, медитеранскиот локалитет е високо баран поради своите даночни олеснувања – овде недвижнините и приходите не се оданочуваат.

Локацијата исто така зборува само за себе – Монако зазема прекрасен брег, со изобилство на луксузни одморалишта, додека овде секоја година се одржува престижниот Монако Гранд Прикс и Монако Јахт Шоу.

Просторот е од клучна важност – Монако е помал од Централ Парк во Њујорк, што објаснува зошто е толку тешко овде да се купи парче земја. Околу третина од жителите на Монако се милионери, додека стапката на сиромаштија е еднаква на нула.

Минатата година, Монако доби нешто помалку интерес од глобалните купувачи, првенствено поради пандемијата, па воглавно локалците купуваа нови места. Доколку претходната година е индикатор за било што, тешко дека Монако ќе ја изгуби својата позиција поради овој благ пад.

Интересно е што за еден метар квадратен во Монако, во поголемиот дел од градовите во Македонија може да купите двособен, а често и трособен стан.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *