На овој начин, ќе заштедите илјадници евра при купување на стан, еве како

Истражувањата покажуваат дека становите често се продаваат за цена пониска од огласените, значи, треба да се разликува просечни огласени и просечни продажни цени.

Пазарот за недвижнини во Македонија продолжува да цвета, паралелно на пандемијата, а сопствениците на станови на топ локации и во главниот град се во посебна предност. Меѓутоа, моментално е поголема побарувачката отколку понудата, што предизвикува и раст на цените на станови.

Кога ситуацијата е таква, не е лесно да се дојде до станови, а побарувачката е огромна, па потоа следи преговарање за цената.

Меѓутоа, имајте на ум дека секој сопственик остава луфта кога се наведува цената во огласот, бидејќи е подготвен на одредено, потенцијално спуштање на цената.

Истражувањата покажале дека становите често се продаваат за цени пониски од огласените, значи, треба да се разликуваат просечните огласени и просечните продажни цени, а разликата некогаш изнесува дури 30 отсто.

Како да поттикнете разлика во цената?

Никој нема да ви ја спушти цената сам од себе, барем не толку многу. Некои општи совети, се најпрво да ангажирате агент за недвижнини, лица кои долго се занимаваат со таа работа, ги познаваат сите финти, текови на паарот и умеат да проценат зошто на некој стан може да му се пушти цената.

Основно е и да ги средите своите финансии (2), односно да пресметате со што располагате. На луѓето понекогаш им се случува да, доколку купувате кредит за стан, дадат пари за капар, а се уште не добиле одобрение од банката за кредит. Не сметате на негативен резултат, и потоа остануваат без пари дадени за капар, бидејќи сопственикот на станот има право да ги задржи.

Запознајте ја состојбата на локалниот пазар, на пример во вашиот град. Обратете внимание на тоа како се движат цените во кои делови на градот, што сакаат постарите станари, и што може да ја намали цената на станот. Кога имате знаеење и сте во самиот материјал, тогаш може и подобро да преговарате бидејќи полесно ќе го фатите продавачот на крива нога.

Бидете лежерни во однос со продавачот. Не премногу, но толку да забележи дека сте срдечни, расположени за соработка, културни.

Не би верувале колку таквите работи влијаат на самата продажба, односно колку цената е спуштена, само затоа што на сопственикот на станот, потенцијалниот купувач му бил симпатичен.

Не дозволувајте на лицето да ви пишува дека ви се брза. Секое избрзано купување воглавно не е добро за купувачот, на крајот.

Можеби ќе купите неверојатен стан, без мани, но тоа не значи дека не сте можеле да го платите помалку. Значи, ставете му на продавачот до знаење дека не сте сигурни, дека имате време и дека сакате уште да разгледате.

Пробајте да дознаете зошто продавачот се сели, доколку причината не е премногу лична. Понекогаш е тоа поради бројните мани кои станот ги има, а кои вешто се прекриени или можеби во квартот се прави преголема бучава, барањето на паркинг прераснало во агонија, има проблематични комшии…Исто така, детално проверете ја електроинсталацијата, паркетот, столаријата, колку е потребно да се вложи во станот, ако треба реновирање.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *