Неверојатна куќа на два спрата и на четири тркала, дали би живееле овде? (ВИДЕО)

Кинескиот кампер “Максус Лајф Хоум в92” е вистинска куќа на четири тркала. Иако изгледа како обичен кампер, има спрат кој се извлекува од кровот, тераса, па дури и лифт.

Ова возило е замислено да биде премногу луксузно. Има големи прозорци на двете страни, кои исто така можат да се извлечат и да го прошират просторот на дури 20 квадрати.

Внатрешноста на камперот има модерен мебел, кујна со шпорет со рерна, фрижидер и лабаво. На задниот дел од камперот е сместено купатило со туш кабина.

Меѓутоа, она што посебно се издвојува на овој кампер е спратот, кој се склопува и извлекува. Покрај 20 квадрати приземје, камперот има и 12,4 квадрати корисен простор на спратот, па возилото се претвора во мал стан.

Исто така, има и тераса, идеална за уживање во погледот од кровот, пренесува Њу Атлас.

Цената на овој модел е 2,68 милиони јени, односно околу 340.000 евра, но засега не се продава во Европа.

Како ви се допаѓа?

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи:

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *