Неверојатна сцена: Требаше да ја бакне невестата, а потоа се појави неговата жена (ВИДЕО)

Неверојатната сцена се случила на една венчавка во Кина на кој изненадно сеп ојавила поранешната жена на младоженецот, и тоа во венчаница.

Девојката им пришла на младенците неколку секунди пред да требало да се бакнат за прв пат како маж и жена.

Клечела пред младоженецот облечена во венчаница и низ солзи викала “јас сум виновна” молејќи го да и прости, пишува Дејли Мејл.

Иако вистинската невеста во почетокот делувала смирено, во еден момент ја тргнала раката и го напуштила настанот.

Снимката од венчавката брзо се прошири низ кинеските социјални мрежи и на порталите, а медиумите дознаа дека младоженецот со девојката врската ја прекинал бидејќи карактерите им биле сосем ралзични.

И самиот се изненадил што неговата поранешна жена непоканета се појавила на венчавката и тоа носејќи венчаница.

Организаторот на венчавката исто така останал во изненадување, а на снимката се слуша како вели “имаме неочекувана ситуација овде” после што додал: “Можеби ова е реалноста на љубовта”.

Невестата, која заминала од салата, ја поддржале бројни корисници на социјалните мрежи.

“Не ја уништувај туѓата врска за да ја задоволиш сопствената опсесија”, “Ова е вистинска причина зошто не можеш да бидеш пријател со поранешната” се само некои од коментарите на социјалните мрежи.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи:

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *