Неверојатни трансформации: Пред и после кинески пластични операции

Ксиао започнала да има проблеми со кожата кога имала само година дена.

Девојче од Кина кое на 15 години изгледало како старица поради ретка болест, благодарение на пластичната хирургија добила целосно ново лице, а операцијата ја чинела 56.000 фунти и била покриена од страна на болницата.

Ксиао Фенг е псеводним на младата Кинескиња која во текот на училиштето трпела најразлични коментари поради нејзиниот изглед. Со години се чувствувала несигурно и инфериорно поради својата набрчкана кожа.

Јавноста со нејзиниот случај се запознала дури после операцијата која се одиграла минатата година и траела цели седум ипол часа.

Ксао Фенг патела од прогерија, наследна болест која предизвикува предвремено стареење, а се јавува кај еден од осум милиони родени деца. Нејзината мајка ја имала истата болест.

Операцијата ја работел тим составен од десет хирурзи, три анестезиолози и пет медицински сестри. Остранет е вишок кожа со дебелина од седум сантиметри, а оперирани и биле носот, веѓите и устата.

На конференција за медиумите во болницата, таа за прв пат го видела своето ново лице во огледало. Се расплакала додека ги прегрнувала родителите. Пред операцијата Ксиао не се фотографирала, ниту пак имала пријатели.

-Никој не сакаше да си игра со мене, само гулабите ме следеа бидејќи не мислеа дека сум грда – изјавила девојката.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *