Неверојатно, но вистинито: Има 102 години, пуши и пие вино, а ова е нејзината тајна за долг и здрав живот

Мејзи Стренг не почитува ниту еден совет од докторите, не пие никакви лекови, а сепак го доживеала 102. роденден.

Оваа баба од Глазгов прослави ново поглавје во својот живот, својот 102. роденден. Таа пуши 20 цигари дневно веќе 75 години, и изгледа дека нејзе цигарите не и пречат, но тоа не е нејзината единствена навика.

Таа исто така пие чаша вино секоја вечер пред да замине на спиење, но само една Но има еден поро к како што тврди таа, а тоа се бананите.

Најмногу пушела во периодот кога работела како секретарка за уредникот на Дејли Експрес.

-Секогаш пушеше додека работеше на својата машина за пишување – изјавил нејзиниот син Сенди кој има 65 години. Бананите започнала да ги јаде токму во периодот кога работела.

Поради роковите немала време за ручек, па на брзина јадела банани, како и ден денес. Откако започнала да пуши како тинејџерка, престанала само еднаш на 5 недели, и тоа додека била во болница кога ја скршила бутната коска во своите 90ти години.

А кога конечно била пуштена од болница, веднаш се вратила на цигарите и шардонето.

-Некако ми е апсурдно да помислам на многу луѓе кои пушат некое време и поради тоа имаат здравствени проблеми. Мојата мајка е парадокс – вели Сенди. Иронично, нејзиниот сопруг починал кога имал 65 години, секогаш бил во форма и бил наставник по физичко воспитување.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *