Неверојатно : Фудбалски натпревар траеше само 10 секунди

Интересна случка ни доаѓа од ниските лиги во соседна Србија каде фудбалски натпревар се играше само 10 секунди.

Колубарско-мачванската зона е една од дванасетте четвртолигашки груши во Србија. Таму игра тимот на Врело Спорт од селото Врело, каде израснал познатиот Немања Матиќ.

Во неделата Врело Спорт на домашен терен го пречека тимот на Спартак 1924 од малото гратче Љиг. Токму гостите се виновни што натпреварот заврши само 10 секунди откако главниот судија означи почеток.

Имено, гостите едвај собрале фудбалери, па во Врело допатуваа со само 7 играчи, токму минимумот кој на една екипа ѝ е потребен за да игра. Само што Спартак 1924 тргна од центарот, еден од дефанзивците ја шутна топката и падна во агонија. Тешко се „повреди“, мораше да ја напушти играта, а бидејќи замени немаа, судијата означи крај.

Играчите на Врело Спорт победија со службени 3:0, согласно правилата. Видеото веќе има речиси 300 илјдаи прегледи на YouTube.

Вакви сценарија се чести во ниските лиги и кај нас. Дури и кога некоја екипа има 9 или 10 играчи, се повредувата еден по еден с додека тимот не остане на 6 играчи за натпреварот да биде прекинат. Но, прекин по само 10 секунди е досега невиден.

Последен таков случај во Мaкедонија се случи предминатиот викенд во 3.МФЛ Југозапад. Екипата на Стрела од битолското село Могила гостуваше во преспанското село Грнчари кај Лирија. Иако дојдоа со 11 играчи, свесни дека без замени тешко да издржат 90 минути, еден по еден петорица гостински фудбалери се „повредуваа“, па натпреварот заврши во 24. минута. Дотогаш домашните постигнаа 4 голови, па бидејќи резултатот е поголем од службените 3:0, натпреварот беше регистриран со актуелниот резултат.

 

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *