Неверојатно! Четири дена после земјотресот – од урнатините во Измир спасено уште едно 4-годишно девојче

Уште едно четиригодишно девојче беше спасено од урнатините во Измир денес, четири дена откако земјотресот го погоди тој град, пренесоа медиумите.

Градоначалникот на Измир, Тунк Соер на Твитер објави дека четиригодишно девојче било спасено од урнатините.

Во земјотресот во западна Турција загинаа 100, а беа повредени 994 лица, според новиот официјален биланс на несреќата.

Земјотрес ги погоди Турција и Грција во петокот. Епицентарот бил во Егејското Море, северо-источно од грчкиот остров Самос.

Десетици згради беа уништени, а над 5.000 луѓе останаа без покрив над главата во покраината Измир.

Од петокот, во областа на земјотресот се забележани 1.464 послаби земјотреси, објавија турските власти.

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *