Недостатокот на овој витамин може сериозно да го наруши здравјето на коските

Многумина веруваат дека единствено калциумот е одговорен за одржување на здрави коски, нивната густина и квалитет. Меѓутоа, подеднакво важна улога има и витаминот К. Доколку во организмот постои дефицит на овој витамин, коските се први на удар.

Научниците дури неодамна откриле дека овој витамин е неопходен за густината на коските и нивниот развој, за изградба на силни заби и коски на лицето. Исто така е утврдено дека растителниот К1 е најефикасен облик на витамин К во заштита од остеопороза и скршеници, бидејќи овозможува таложење на калциум во коските, а воедно спречува и создавање на остеокласта.

Поголемиот дел од луѓето патат од недостаток на овој витамин, а за тоа воопшто не се свесни. Овој недостаток може да доведе до предвремено стареење, деформитет на коските, како и до пропаѓање на забите. Но, кои се симптомите кои можат да укажуваат дека токму вие спаѓате во оваа група на луѓе?

Доколку забележите дека неверојатно лесно ви се појавуваат модрици, дури и од најмал удар, тоа може да биде симптом за недостаток на витамин К. Крварење од носот, долги крварења при повреди и рани кои споро заздравуваат, како и силни крварење во текот на оние денови кај жените, се исто така симптоми, пренесуваат медиумите.

Но, кои се најдобрите извори на витамин К?

Зелениот зеленчук – спанаќ, тиквички, прокељ, зелена салата, корпива, а го има и во ферментирани млечни производи како што се јогурт, кефир, кисело млеко, но и путер и сирење.

Во овошјето исто така може да се пронајде многу витамин К, но не во секое. Избирајте јаболка, авокадо, боровинки, банани и железо.

Маслото од соја е преполно со витамин К, а само една лажица содржи околу 25 милиграми витамин К.
Доколку сте во брзање, претворете го своето овошје и зеленчук во сок. Мала чаша сок од моркови ќе ви понуди 28 милиграми витамин К.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *