Незаменлива намирници: Што се случува со вашето тело кога не јадете доволно риба?

Поради што не смеете да ја прескокнувате рибата во вашето мени.

Луѓето обично се делат на оние кои јадат риба и оние кои не ја сакаат. Без оглед на која група припаѓате, факт е дека е важно да јадете риба.

Впрочем, најдобро е да погледнете што се случува со вашиот организам доколку не јадете риба или сте престанале да ја јадете.

Дел од правилната исхрана сигурно е и можноста да во својот организам ги внесете сите потребни витамини и минерали кои можеме да ги внесеме само преку храната. Доколку јадете риба, веројатно внесувате и дополнителни нутриенти кои не можете да ги добиете од други намирници.

Конзумацијата на риба, посебно оние помрсните како лосос, туна и сардина, сосем сигурно е добро за здравјето.

Тоа се намирници полни со витамини, како витамин Д, а се работи за нутриент кој би требало да биде пристапен во секојдневната исхрана. Со тоа, масните риби содржат и омега 3 масни киселини кои го чуваат здравјето на мозокот и го поттикнуваат подобро да функционира.

Што се случува доколку престанете да јадете риба?

Според зборовите на експертите, може да се зголеми ризикот од развој на болести на срцето. Доколку јадете риба најмалку 2 пати неделно, може да влијаете на намалување на крвниот притисок, превенција на создавање на крвни згрутчувања, аритмија и намалено ниво на триглицериди во крвта. Се наведено е важно, а се заедно ја намалува шансата за развој на кардиоваскуларни болести.

Доколку ви изгледа како одеднаш сте започнале да заборавате работи, можеби би требало да изедете малку лосос. Едно истражување покажало дека лицата кои јадат риба имаат најголем мозок – буквално. Не само што нивниот мозок е поголем, туку кај нив се и помали шансите да развијат деменција или когнитивно пропаѓање. Доколку желба ви е да ја зајкнете силата на мозокот, би требало рибата да ја вклучите во неделното мени, неколку пати.

Тажни сте повеќе од обично?

Препишете го тоа на недостатокот на риба во исхраната, а како што пренесе магазинот Тајм, едно истражување покажало дека конзумацијата на риба ја намалува можноста за развој на депресија и тоа за 17 отсто помала од оние кои не јадат риба.

Иако истражувањето не дало точен податок како тоа рибата влијае на нашето расположение, се верува дека се работи за омега 3 масни киселини кои на некој начин можат да влијаат на допамин и серотонин, два важни неуротрансмитери кои ќе помогнат при регулацијата на расположение.

Ако денес размислувате што да изедете за вечера, размислете за тоа како да ја додадете рибата во менито, вашето срце и глава ќе ви бидат благодарни, но и многу поздрави од вообичаено.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *