Неколку знаци кои покажуваат дека вие сте емоционално здрава личност

Доколку би требало да опишете емоционално здрава личност, некој кој е добро прилагоден и дефинитивно не е злобен, кои се тие карактеристики кои би и ги препишале на таа личност?

Тоа е прашање кое со векови ги интригира филозофите, научниците, нерапевтите…

Сигмунд Фројд за “здравата” личност ја опишувал како некој кој може “да сака и работи”. Абрахам Маслов вели дека здрава личност, е личност која е “самоостварена”, што значи дека “во полна мерка ги искористила своите таленти, притоа да остане свесен за своите ограничувања”.

Новото истражување спроведено на Универзитетот Калифорнија, на научниците им помогнало да ги дефинираат специфичните карактеристики наличност, која во психичка смисла е добро прилагодена.

Во истражувањето кое е објавено во стручниот магазин Journal of Personality and Social Psyhology, 214 психолози биле замолени да опишат психолошки здрава личност, со помош на 30 карактеристики.

Карактеристиките се извлечени од она што е познато како пет големи карактеристики на личноста.

-Екстраверзија (колку е личноста социјална и комуникативна)
-Отвореност кон искуства (колку личноста е ителектуално љубопитна)
-Совесност
-Пријатност (колку личноста е кооперативна или сочувствителна) и
-Невротицизам (колку личноста е анксиозна, депресивна или гневна)

Секоја од овие пет категории потоа е расчленета на повеќе карактеристики кои се опишуваат како специфични однесувања.

За да добиете поширок увид, авторите на истражувањето ги замолиле и двете групи ступенти по психологија (вкупно 500) да го направат истото, значи, да опишат емоционално/психолошки здрава личност со помош на 30 карактеристики кои им се понудени.

Анализата од добиените одговори покажала дека и псхиолозите и студнетите за емоционално здрава личност ја сметаат онаа личност која ги има следниве карактеристики: отворена е за емоции, им се препушта на позитивните чувства и е искрена. Кај емоционално здравите личности, неуротицизмот е многу слабо застапен, што и не е некое изненадување.

“Психолошки/емоционално здравата личност може да се опише како способна да доживее и изрази емоции, искрена е, топла, пријателски настроена, личност која има доверба во сопствените способности, емоционално е стабилна и донекаде отпорна на стрес”, се наведува во истражувањето.

Она што е важно да се напомене е дека сите овие карактеристики со кои се одликуваат емоционално здрави луѓе можат да се стекнат/научат и негуваат, или корегираат. Без разлика дали преку терапија, работа на себе или едноставно со вежбање.

Знаете, не е лесно да бидете “добар и љубезен” секој ден. Никој и не е таков секој ден. Но, доколку најчесто не сте “добри и љубезни” пробајте понекогаш. Можеби ќе ви се допадне.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *