Неколку намирници кои кучињата никако не смеат да ги јадат, никако не им ги давајте овие работи

Многу елементи се наоѓаат во дресурата на кучињата и нивното навикнување на однесувањето на сопственикот, односно секојдневното функционирање на миленичето во рамките на едно домаќинство.

Неоспорно е дека кучињата им се посветени на своите сопственици, бараат внимание и обожаваат да поминуваат време со нив, па понекогаш ни се едноставно неодоливи.

Тоа посебно важи за милниот поглед кој ни го упатуваат во моментот кога нешто јадеме, барајќи дел за себе.

Покрај тоа што со давање на делот на нешто кое ние го јадеме, можеме да бидеме погрешно сфатиме, па тие постојано да го очекуваат тоа од нас. Лошата страна е, што може ненамерно да ни се случи да им дадеме нешто кое може да биде прилично штетно за нив.

Во случај на следните намирници, никако не треба да дозволувате или да им давате парче на вашето куче, бидејќи тие можат да бидат сериозно штетни за него.

Чоколадо

Кога се засладувате, потрудете се вашето куче да не ве види и никако не му давајте коцка чоколадо. Можеби веќе ви е познато дека чоколадото може да биде отpовно за кучето, а тоа е поради фактот што содржи кофеин и супстанца под името теобромин.

Тие можат да предизвикаат повраќање, дијареја, тешко дишење, па дури и проблеми со срцето кај кучињата. Колку чоколадото е потемно, односно има повеќе какао, толку е поштетна за кучињата, така што оваа посластица сепак задржете ја само за себе.

Намирници без шеќер

Овде најчесто се мисли на слатки кај кои е посебно нагласено дека немаат шеќер во себе, затоа што тие најчесто содржат ксилитол, еден вид засладувач.

Тој кај кучињата предизвикува нагол пад на шеќерот во крвта и може да предизвика проблеми со црниот дроб, разни видови на напади па дури и см.рт.

Тој засладуваж понекогаш се користи во путерот од кикирики, така што добро прочитајте ја етикетата пред да ја дадете на своето милениче.

Грозје

Не е баш јасно поради што, но исто така и грозјето е токсично за кучињата, баш како и нивната сува варијанта.

Доколку ги внесат, реакциите можат да бидат во распон од промени на расположението, преку повраќање, па се до пореметување на работата на бубрезите.

Црн и бел лук

Иако се сомневаме дека кучињата ќе скокаат кога ќе изедат свеж лук, сепак оваа намирници се наоѓа во многу јадења, па треба да бидеме внимателни.

Тие во себе содржат одредена супстанца која може да ги уништи црвените крвни зрнца, што може да го ослаби организмот и да доведе до бројни последици.

Алкохол

Единствената течност која можете да му ја давате на кучето е вода, а алкохолот никако не треба да биде достапен за нив. Без разлика за кој вид се работи, алкохолот може да го оштети црниот дроб и мозокот и да има непосакувани ефекти.

Дури и во мала доза, алкохолот предизвикува повраќање, лоша координација, тешко дишење, па дури и см.рт.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *