Неколку начини на кои Кина ќе испадне победник од коpона кризата, каде згрешија другите земји?

Интересно е што кинеските директни инвестиции во иностранство веќе некое време не растат.

Германскиот услужен сектор бележи забрзан пад како последица на воведувањето на рестриктивни мерки со цел сопирање на вториот бран од епидемијата, а Кина од целата оваа ситуација излегува се посилна, потврдувајќи ги вестите за зголемување на директни странски вложувања во таа земја.

Ова е втор месец каде што германскиот услужен сектор бележи пад. Индексот на менаџерите за набавка (PMI), кој го пресметува IHS Markit, во ноември паднал на 46,2 поени од 49,5 поени во октомври, потонувајќи уште подлабоко од границата од 50 бодови кој го разделува растот од падот.

За среќа, активностите во производствениот сектор продолжуваат да растат, иако со нешто поспоро темпо, овозможувајќи поддршка на веќе ослабената економија, која оваа година се предвидуа да ја доживее најдлабоката рецесија од ВСВ.

-Отпорноста на производствениот сектор, кој според истражувањето посебно се должи на растот на продажбата во Азија, оди во прилог на нашето предвидување дека било каков пад во последниот квартал ќе биде далеку помал од оној забележан во првата половина од годината – вели Фил Смит, помош директор во IHS Markit, пишува српски Телеграф.

Додава дека позитивни вести се што во врска со развојот на Ковид вакцина помогнале во подигнувањето на расположението помеѓу германските претприемачи, од кои многумина се надеваат на враќање во нормален ток во следните 12 месеци.

Композитниот индекс на менаџери на набавка на IHS Markit, кој опфаќа производствен и услужен сектор кој заедно прават повеќе од две третини од германската економија, се спуштил во ноември на 52 поени од 55 бодови, колку што изнесувал во октомври.

Но, како Кина од целата оваа ситуација излегува уште посилна?

Од друга страна, економијата во Кина оваа година, единствена помеѓу големите, ќе порасне за речиси 2%.

Според официјалните кинески извори, странските директни инвестиции во Кина забелеажле раст од јануари до крајот на септември за 2,5% во однос на истиот период во 2019 година, паралелно со новонастаната ситуација.

Само во септември, странските директни инвестиции во Кина изнесувале 14 милијарди долари, што е скок од дури 25% во однос на минатогодишниот септември, а растот на странски вложувања бележи континуитет од април. Во окотмври зголемувањето на директните странски инвестиции бил 18% пишува Фајненшел тајмс.

Како и да е, во кинеското Министерство за трговија сметаат дека инвеститорите на нивната земја сега гледаат како на “сигурно пристаниште” и наведуваат дека компании како BMW, Simens, LG и Toyota таму планираат големи вложувања.

Анализирајќи го глобалниот тренд поврзан за кинеското опоравување и економскиот бум после совладувањето на епидемијата на коpона вирус, Фајненшел тајмс наведува неколку други примери од секторот на логистиката. Групата Ајванхо Кембриџ, која вложува ширум светот во име на пензискиот фонд Квебек, инвестираше во јуни во Кина во имот во вредност од 400 милиони долари, а во кинескиот логистички сектор последниве години вложила околу две милијарди долари.

Компанијата J.P. Morgan Aset Managment оваа година вложила во 600 милиони долари вредно мешовито претпријатие со кинеската логистичка фирма Њу изи, а во име на северноамерикански, европски, блискоисточни и азиски инвеститори.

Добар пример е и германскиот производител на индустриски роботи Хан Отомејшен, кој планира да инвестира милиони евра во нова фабрика во Кина во текот на идните три години, за, да го искористи фактот што кинеската економија се опоравува од криза многу побрзо од другите.

-Доколку сакаме да растеме заедно со кинескиот пазар, мораме таму да произведуваме – објаснува генералниот директор Франк Конрад, бидејќи нивните роботи “Made in Germany”, тешко се пробиваат на кинескиот пазар, кои властите се посилно ги штитат со разни бариери. Целта им е да во Кина до 2025. година остваруваат четвртина од своите птиходи, а моментално се на десет проценти.

Од друга страна, интересно е што кинеските директни инвестиции во иностранство, кои буквално цветаа во периодот од 2015 до 2017 година, предизвикувајќи тогаш голема загриженост во Европа и САД, веќе некое време не растат, и речиси опаднале.

Најголемите инвеститори во Германија сега се САД, потоа Британија и Швајцарија, а дури потоа Кина. Азискиот гигант мината година испадна од топ три странски инвеститори во таа земја за прв пат во десет години.

Според податоците на Фајненшел тајмс, повикувајќи се на еден калифорниски тинк тенк, лани кинеските директни инвестиции во светот изнесувале 77 милијарди долари, што е половина од износот реализиран во 2017. година.

Тоа е добар дел последица на политичките одлуки на кинеските власти кои го ограничуваа одливот на капитал и деловни потези на своите големи компании во иностранство, со што трговската војна која настапи со доаѓањето на Доналд Трамп на чело на САД, додека истовремено го олеснуваа влезот на странскиот капитал во разни сектори, поготово во финансиските.

Како резултат на таквите активности и приливот на странски капитал, кинеската валута јуан е моментално на највисоките нивоа во однос на оние забележани последниве години, а економијата им расте додека во остатокот од светот опаѓа.

Износот на директни странски инвестиции кои во Кина влегле во периодот јануари-септември оваа година, веќе надмина 100 милијарди долари. Како што се наведува, поголемиот дел од странските директни инвестиции се однесуваат на високотехнолошките индустрии, пишува Фајненшел тајмс, пренесува српски Телеграф.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *