Неколку причини зошто на жените им е забрането да одат на Света Гора

11 Века жена нема стапнато на Света Гора!

Една древна легенда вели, Богородица,мајката божја еднаш пловела заедно со Светиот апостол Јован накај Кипар, невремето започнало и тоа ги натерало да се подзаскријат кај Атос, на брегот кај манастирот Ивирон. Богородица излегла на брегот, воодушевена од убавините ги благословила па го замолила исус островото да и го дари. Тогаш се слушнал глас – Местово нека биде твое наследство и твоја градина, рај и небо, спасение за оние кој бараат спас! Од тој момент Света Гора, е посветена на мајката Божја, затоа другите жени не смеат да дојдат на Атос.

Но, легендата е една, а искуствата се други!

Вселенскиот патријарх, забранил да прсетојуваат жени затоа што во искушени се ставаат монасите. Еден пример вели дека во 11 век, дури и на пастирите кој што чувале овци, поглаварот им забранил да доваѓаат, поради пастирките, кој ги посетувале и несакајќи и монасите паѓале во искушение да направат грев, па така манастирот останувал без калуѓери.

Атос во предхристијанското време бил дом на Зевс Громовникот, околу богомолите живеело и населените, но веднаш штом Богородица зачекорила на тлото на островот, сите пагански храмови пропаднале, вклучувајќи го и оној на Зевс! Сведоци на настанот биле островјаните, кој што пак од тој момент го примиле како вера христијанството, а на местото на храмот го изградиле манастирот Св. Климент.

Света Гора се наоѓа на полуостровот Халкидики, на свер од Грција, најисточното од сите три полуострова – Атос. Седиште на 20 манастири и многу монашки заедници и ќелии во кој живеат испосници, поедници кој не сакаат никаков контакт со современиот свет и модерниот начин на живот, тие му се предадени на Бога. Науката сведочи дека првите записи ни идат од Света Гора во 7 от век, кога монасите наоѓаат закрила и бегаат од исламските освојувачи. Бидејќи арапските гусари се главни виновници за раселување на домицилното население, останале само најсиромашните кој немале каде да пребегнат.

Официјаланата манастирска заедница се формирала 963 годиниа, кога монахот Атанасиј, го основал манастирот Голема Лавра, тој ја уживал заштитата на византијските цареви, Русија, православните земји на Балканот. Атос е автономна држава под суверенитет на Грција, единствено монасите може да живеат на Света Гора, додека посетителите може да престојуваат со посебна дозвола. На полуостовот моментално живеат 2 иљади монаси.

Духовно, Света Гора е под директна јурисдикција, на вселенскиот патријарх од Цариград, сите оние кој што живеат овде од кога ќе се замонашат добиваат грчко државјанство.

Нераскинлива врска со православните заедници на Балканот

Хиландар е православен српски манатир на Света Гора, српските владетели и нивните семејства одсекогаш ги финансирале и го чувале Атос. Во нивна чест се изградени манастирите Симонопетру, Григоријат, Свети павле каде што се служеле литургии на српски јазик. Официјален јазик на Света Гора е грчкиот во грчките манастири, во Хиландар се служи на српски, Светни Пантелејмон се говори на руски, во Зограф на бугарски, а во скитетите Продомос и лаку на романски, не е забрането да се говори и на англиски.

Европската унија формира посебен фонд за категоризација на богатството кое го пседува Света Гора, повеќето православни земји одскоро започнаа да се грижат за своето богатство од икони, литургиски одежди, крстови, путри, кодекси и други христијански документи.

Грчките монаси на Света Гора, не го прифајќаат Договорот од Преспа, тие во 2018 годиниа излегоа со соопштени дека неможат да прифатат договор, во кој се негира македонскиот идентитет за јазик и нација, бидејќи нема никаква врска со античкиот грчки македонски дијалект и грчката припадност на античките Македонци – во соопштението на монасите се бара, обединестот на целото православие, решавање на расколот и избегнување на јадрата, за религиозен и ентички фанатизам и омраза. Верниците од Македонија доваѓаат на Света Гора редовно за да си го најдат духовниот мир.

И покрај забраната сепак жени престојувале на Света Гора

Само на една жена во историјата и било дозволено да стапне на тлото на монашката заедница на Света Гора. Тоа била Јелена , средновековна српска царица. Таа била сопруга на Душан Семоќниот, најмоќниот српски владетел во историјата.

Ама во поново време имало и неколку упади на жени на Света Гора. Последните два случаи се од 2008 година. Едниот е поврзан со украински шверцери кои на Света Гора оставиле четири Молдавки. Грчката полиција ги привела, но по одлука на монашките братства, тие биле помилувани. Истата година околу 500 демонстранти, меѓу кои и неколку жени влегле на просторот на автономната грчка област Света Гора во знак на протест затоа што манастирите ги присвојувале јавните површини.

Во текот на 20 век почнуваат процесите на феминистички аспирации за влез на Атос. Голем број жени успевале влезат на тло на „монашката република“ преку земјени превлаки кои го спојуваат полуостровот со копното. Во тајните влегувања на жени на светогорска територија, најкарактеристичен случај е сепак оној од 1953 година, кога гркињата Марија Поимендоу, маскирана како маж влегла на Атос и таму останала три дена.

Во педесеттите години на минатиот век наводно се случил и настанот кој практично треба да биде со најдолг стаж на женско присуство на Атос. Иако нема официјална потврда дека тоа е вистина, сепак една Французинка, Марис Чоеси – писателка, тврди дека била еден месец на Света Гора и дека „монашкото царство“ го прошетала од крај до крај. За тоа објавила и книга „Еден месец меѓу мажите“.Сепак во историјата на Света Гора се запишани и други настани кога жени дошле на копното. Најголем број такви случаи се регистрирани за време на грчката граѓанска војна од 1946 до 1949 година, кога Света Гора дозволува згрижување на бегалци, меѓу кои имало и жени. Една од жените кои присуствувале била бремена и таму и се породила. Се зборува дека детето кое таму се родило, подоцна станало монах на Света Гора.

На Света Гора има и други забрани!

Фотографирањето на манастирите е дозволено само од надвор, фотографирање на монаси и ентериерот на манастирот е забрането, освен ако немате посебна дозвола. Држењето на рацете позади, носењето бели патики и други обувки се смета за непристојно , како и поставување на прашања за кои монасите мислат дека се провкативни.

Света Гора, цврсто држи до своето дека женките не се добредојдени овде, освен за мачките кои се корисни за лов на штетните глодари . И кокошките несилки, бидејќи жолчата се користи за цртање на икони.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *