Неколку причини зошто планетата Земја е округла: Ова не сте го учеле во училиште

Иако со ова не би се согласиле оние кои веруваат дека всушност земјата е рамна, таа навистина е округла. Во ред, не баш во вистинската смисла на зборот, но тој израз се користи со векови. Но, дали некогаш сте се запрашале зошто е таа округла?

За се е виновна онаа сила поради која паднало јаболкото на главата на Њутн. Погодувате, станува збор за гравитацијата. Кога сме веќе кај Њутн, тој е еден од првите кој ја предложил идејата дека Земјата не е совршено округла, туку дека е сплескана на половите и испакната на екваторот. И бил сосем во право. Оддалеченоста на јадрото од површината е отприлика за 21 километар поголема на екваторот отколку на половите.

Гравитацијата подеднакво е силна секаде на Земјата. Доколку тоа не е вистина, тогаш на Земјата би постоеле големи разлики во атмосферскиот притисок и нивото на морето. Честичките на иста оддалеченост се под влијание на еднаква гравитациска сила што предизвикува сферен облик. Кога на тоа ќе ја додадеме ротацијата на Земјата и центрифугалната сила, добиваме благо сплеснат облик.

Поради нееднаквата распределба на масата на Земјата, таа е уште понесовршена отколку што мислиме. Но како нашата планета воопшто станала округла?

Се верува дека Земјата настанала пред некои 4,6 милијарди години. Настанала од огромна количина на прашина и гас кој се наоѓал во Сончевиот систем. Она штого знаеме е тоа дека секоја маса привлекува некоја друга маса. Гравитационата сила е всушност многу слаба. Најслаба е од четирите основни сили, но кога се работи за милијарди тони сила на гравитацијата помеѓу телата, секако станува значајна. Големата количина на гасови и прашина под влијание на гравитацијата се згуснуваат во протопланетарен диск во кој се создаваат собирања на честички кои, под се поголемото влијание на гравитацијата, го формираат најпогодниот облик – сфера.

Меѓународната астрономска унија во 2005 година одлучила ваквиот процес на формирање, да биде еден од критериумите некој објект да се смета за планета.

Поради испакнатоста на екваторот, најдалечната точка од средиштето на Земјата не е Монт Еверест, туку вулканот Чимборазо во Еквадор. Причината за тоа е што вулканот е поблиску до екваторот.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *