Неколку причини зошто средбата помеѓу Путин и Бајден е од огромна важност за сите

Дали Вашингтон сака нормализација на односите со Русија?

Состанокот на претседателот на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден е глобална вест, како по размери, така и по значење и перспективи, изјавил рускиот сенатор Константин Косачов, додека Обединетите нации порачуваат дека отворениот и позитивен дијалог помеѓу Русија и САД е од исклучителна важност за мирот и безбедноста.

-Најважната работа е можен личен состанок во наредните месеци, како и задача на ресорите и помошниците темелно да го подготват. Тоа не е само вест на денот. Тоа е глобална вест и по размери, и по значење и по перспективи – напишал рускиот сенатор на Фејсбук.

Како што вели, предстои најтешката работа и би било погрешно да се намалуваат проблемите, но кога постојат формати за разговор за нив, за приближување на ставови или барем за подобро разбирање на загриженоста и намерата едни со други – тоа е веќе многу.

Според неговото мислење, тоа што Бајден го повикал Путин е “карактеристичко во секоја смисла, посебно во светлото на последните метежи”.

Тој истакнал дека разговорот на двајцата лидери укажува на желба да се расичисти билатералната агенда, колку што е можно повеќе, за да не се создаваат непотребни пречки во заедничката работа.

Косачов смета дека разговорот исто така укажува на двострана подготвеност да се разговара за сите насобрани прашања во интересите на обезбедување на стратешка стабилност.

-Ова е многу важен чекор напред – констатира сенаторот.

Исто така, истакнал дека уште еден важен момент од разговорите на претседателите е утврдување на несголасувањата, но без нивно драматизирање.

Чекор кон дијалог

Се огласил и претседателот на Комитетот за меѓународни прашања на Државната дума на Русија, Леонид Слуцки, потсетувајќи дека иницијативата за телефонски разговор помеѓу претседателот на САД и Русија, потекнува од американска страна, и дека тоа се чекори кон дијалог.

-Токму Бајден изрази интерес за воспоставување на стабилни и предвидливи соработки по прашањето на проблемите како што се иранската програма, ситуацијата во Авганистан и глобалните климатски промени. Значи, од американска страна, на чија иницијатива е и одржан разговорот, тоа беа блиски чекори кон дијалог – изјавил тој.

Според неговото мислење, тој став одговара не само на взамените интереси, туку и на интересите на меѓународната безбедност.

Слуцки додал дека добра вест е тоа што лидерите на двете најголеми сили ја потврдиле подготвеноста да соработуваат по прашања за стратешка стабилност и контрола на воо.ру.жува.ње.

Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите Нации, Стефан Џужарик, смета дека дијалогот е од огромна важност.

-Мислам дека е од исклучителна важност за работата, која се одвива овде во Обединетите нации поради мир и безбедност, да Москва и Вашингтон, два постојани члена на Советот за безбедност, имаат отворен и позитивен дијалог. Ќе го поддржуваме секој дијалог помеѓу двете земји – додал тој.

Да се потсетиме, претседателот на САД, Џо Бајден го повика рускиот лидер Владимир Путин и му предложил да одржат состанок во трета држава, соопштила Белата куќа. Покрај тоа, во текот на телефонскиот разговор Бајден изразил загриженост со изненадното зголемување на руски трупи на границата со Украина.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *