Неколку причини поради кои мислите дека немате среќа во животот

Сонувате за подобар живот, но сите поважни чекори ги одложувате за утре? Така годините поминуваат поракј вас, ништо не се менува, а вие секој ден сте се понезадоволни? Доколку ви изгледа како нешто да ве кочи, а вие давате се од себе, можеби грешите.

Како што пренесуваат медиумите, психологот Аманда Кровел објаснила и кои навики стојат на патот кон среќата и успехот.

“Вистината со која многумина не сакаат да се соочат е дека се виновни самите себе за својот неуспех. И тоа не поради недостатокот на талент или труд, туку проади ограничувањата кои самите си ги поставуваат”, објаснува Аманда. Овие 3 ментални блокади обично не оддалечуваат од успехот.

Едноставно мислам дека ова не го можам

Докажано е дека визуелизацијата на успехот помага во постигнување на успех, а важи и обратното. Доколку верувате дека тоа не го можете, многу е поверојатно дека тоа нема ниту да го постигнете.

Верувањето дека нешто не можете, често вклучува неточни претпоставки или ограничувачки сценарија кои постојат само во вашата глава. Кровел тоа го објаснува со постење на страв во сите нас кој се кочат да пробаат нови работи.

“Во суштина, се е можно, само кога ќе се осудиме да пробаме. Дозата на страв е сосем нормална”, вели таа.

Не сум доволно добра за ова

“Кога започнував со работа како претприемач, ми се јавија страшни сомнежи и бев уверен дека тоа не можам да го остварам, но годините покажаа дека бев во целосна заблуда”, изјавил еден од нејзините пациенти.

Аманда објаснува дека оваа бариера лесно се надминува. Потребно е само да разговарате со луѓе кои поминале низ слична ситуација. ќе сфатите дека сте се сомневале во себе, во помала или поголема мера кога сте се движеле на патот кон успехот.

Кога ќе сфатите дека не сте сами и дека другите имале слични ментални блокади, полесно ќе се осмелите да тргнете понатаму.

Тоа се очекува од мене

Работев со многу личности кои бркале туѓи соништа, живееле туѓи приказни, се обидувале да постигнат работи кои од нив се очекувале, наспроти она што тие навистина го сакале.

Решението е да бидете целосно искрени кон себе и сосем искрено да си признаете себе си што навистина сакате. Вашиот живот е ваша работа, затоа правете го она што вас ви одговара, а не она што другите го очекуваат од вас и ве убедиле дека тоа мора да го правите.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *