Неколку работи кои американскиот претседател не смее да ги прави без обезбедување

Иако на многумина им изгледа дека животот на американскиот претседател е идеален, многу работи кои на другите луѓе им се секојдневие, на претседателот на САД му претставуваа огромен организациски и логистички проблем.

Телефонски разговори со пријателите

Обезбедувањето и Тајната служба на САД го следат секој потег на претседателот на оваа држава па така и разговорите кои ги објавува првиот човек на САД. Доколку сака да разговара со пријателите, претседателот може да го направи тоа единствено преку линија која ја обезбедува Тајната служба. Сите други разговори се забранети поради можно прислушкување.

Заминување во кино

Заминување во кино или театар, активности кои за поголемиот дел од луѓето се нормална работа. Сепак, поради посебни протоколи, Белата куќа не препорачува вакви активности. Доколку претседателот на САД сака да изгледа некој филм, тоа ќе му биде едноставно обезбедено во внатрешноста на канцеларијата и нема да има потреба да заминува надвор од просториите на Белата куќа.

Заминување на вечера

Во суштина, оваа опција е можна, меѓутоа пред самото заминување Тајната служба ќе мора да направи план за обезбедување на ресторанот во кој претседателот сака а јаде. Исто така, она што може да претставува проблем е храната која според правилата прво би требало да ја провери некоја стручна личност за да се обезбедат дека јадењето е безбедно за претседателот.

Возење со автомобил

Американскиот претседател не смее да се вози сам и за неговиот превоз се задолжени луѓе кои поминале огромна обука и се тестирани на сите можно непредвидливи ситуации кои можат да се случат во текот на рутата која се вози. Претседателот се вози исклучиво во блиндиран автомобил кои популарно се нарекува “Ѕвер”, а кој во целост е прилагоден за потребите на Белата куќа.

Возење со комерцијални авионски летови

Доколку претседателот би сакал да патувањето од некои причини биде спроведено на комерцијален лет, Тајната служба тоа не би го дозволила. Со оглед на тоа дека за потребите на првиот човек на САД е обезбедена популарната “Air Force One” линија, ова и не е толку голем проблем за претседателот и неговото семејство.

Присуство на настани во кои учествуваат нивните деца

Иако сон на секој родител е да присуствува на спортски или друг настан во кој учествува и неговото дете, за американскиот претседател овој вид на забава никако не може да помине без детален план на обезбедувањето поврзан со настанот. Поради овие причини, децата на американските претседатели одат во училиште во Белата куќа, бидејќи организацијата и обезбедување на обичните училишта, би опфаќало огромен број на финансиски и човечки ресурси.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *