Неколку работи кои не треба да ги правите после ваkцинирање против ковид-19

Ваkцината против ковид-19 е главна алатка со која светот се бори против ширењето на пандемијата, но постојат некои работи кои после имунизацијата против ковид-19, не би требало да се прават.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести во своите насоки навел кои активности не се препорачуваат пред и после имунизацијата.

Не земајте лекови без рецепт пред ваkцинирање

Пред да примите ваkцина не би требало да земате лекови без рецепт, вклучувајчи ибупрофен, ацетаминофен и аспирин, советува центарот за контрола и превенција на болести, но после имунизацијата можете. Лековите кои се продаваат без рецепт, како ибупрофен, се противоспалително средство кое може да го намали одговорот на телото на ваkцината

-Немојте да земате лекови без рецепт пред ваkцинацијата бидејќи тоа би можело да ги попречи способностите на ваkцината да ви овозможи најсилен одговор – изјавил микробиологот Дебора Фулер.

Таа додала дека после имунизацијата овие лекови може да ги земете за да ублажите некои нуспојави.

Алкохолот нема да ви помогне

Томас Русо, шеф на Одсекот за заразни болести на Универзитетот во Бафало во ујорк, изјавил дека досега не воочил јасна причина поради која не би смееле да испиете чаша вино или пиво после имунизацијата.

Меѓутоа, доколку после ваkцинација имате некои нуспојави, како температура, алкохолот нема да ви помогне, па во тој случај не би требало да го конзумирате.

Избегнувајте пирсинг и тетовирање веднаш после ваkцинација

-Кожата е вашата прва бариера против патоген, а таа го започнува и имунолошкиот одговор. Тетоважата или присингот непосредно после ваkцинација би можело да поттикне имунолошка реакција која не би била посакувана во комбинација со имунолошкиот одговор после ваkцинација – истакнала Фулер.

Експертите се уште не се сосем сигурни како тетоважата или пирсингот можеле да влијаат на имунолошките реакции после имунизација, но од чиста претпазливост, советуваат да избегнуваме вакви активности непосредно после имунизација.

Немојте да примате други ваkцини во исто време

ЦДЦ не препорачува да се ваkцинирате со некои други ваkцини во исто време кога ќе примите и ваkцина против ковид-19.

-Серијата ваkцини против ковид-19 треба да се примени самостално со период од најмалку 14 дена помеѓу двете дози – наведуваат во насоките од ЦДЦ.

Исто така се наведува дека во тој период, лицата не би требало да примат некои други ваkцини од сигурносни причини.

Немојте да престанете да ги земате нужните стероиди

Доколку веќе земате стероидни лекови поради некоја хронична состојба, немојте изненадно да престанете со земањето. Русо наведува дека постои причина зошто таквите лекови ви се пропишани и дека не би требало да престанете да ги земате без консултација со својот лекар.

Немојте претерано да вежбате

-Вежбањето не би требало да претставува проблем, физичките вежби можат да допринесат до подобар имунолошки одговор – истакнала Фулер.

Но, немојте претерано да се исцрпувате со вежбање.

-Слушајте го своето тело. Доколку се чувствувате добро – вежбајте. Но, доколку после имунизацијата се чувствувате лошо, одморете се – изјавил Русо, пренесува Хуфпост.

Експертите напоменуваат да не заборавите да внесувате доволно течности после ваkцинација. Хидратацијата е исклучително важна за вашето тело и здравје.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *