Неколку работи што ќе ви се случат веднаш откако ќе престанете да јадете сол

Уште еден доказ дека е златна средина и во овој случај најдобар избор.

Познато е дека претерувањето со сол, има негативни последици по здравјето. Знаејќи го ова, многу луѓе се одлучуваат овој зачин целосно да го исфрлат од исхраната, но ниту таа крајност никако не се препорачува.

Нутриционистите откриваат и зошто најдобро е да имате златна средина, односно, умерено да конзумирате сол.

Може да дојде до вишок килограми

Јодираната сол е важна за хормоните, па доколку во целост ја исфрлите, внесот на јод ќе биде ограничен, веројатно и недоволен. Поради тоа лесно може да дојде до вишок килограми, надуено лице, сува кожа, чувство на умор и слабост во мускулите.

Влијание на срцето

Намалувањето на внесот на соли првенствено им се препорачува на луѓето кои патат од срцеви проблеми, но истражувањата покажале дека за срцето не е добро да се внесува ниту премногу, ниту премалку сол. Повторно се докажа дека средината е навистина златна.

Зголемен ризик од инслуинска резистенција

Истражувањата ја докажале и оваа теза. Доколку внесувате премалку сол, телото не реагира на инсулин како што треба, што може да доведе до покачено ниво на шеќер во крвта.

Симптоми на дехидрација

Кога нивото на соли во телото драстично опаѓа, можете да почувствувате симптоми слични на дехидрација – сува уста, вртоглавица, силна жед, ретко заминување во тоалет и слично.

Мачнина

Прекинот на внесување на соли има силно влијание на холестеролот. Иако во почетокот обично не покажува симптоми, може да се одрази на сите органи во телото, вклучувајќи го и срцето. Еден од првите симптоми кои го покажува тоа е мачнината.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *