Неколку реченици кои паметните жени никогаш не му ги кажуваат на својот партнер

Постојат реченици кои мажите органски не можат да ги поднесат.

Квалитетот на секоја врска зависи од две работи: колку сте подготвени на компромис и дали сте способни за нормална комуникација.

Звучи едноставно, но, како што сите знаеме, во пракса тоа оди малку потешко.

За женската популација, мажите се прилично лесно за управување и само треба да се води сметка да не се претера во тоа.

И тука доаѓа до најголемиот проблем. Имено, припадниците на посилниот пол едноставно не поднесуваат некои од стандардните реченици кои жените постојано ги опсипаат. И тоа нема никаква врска со љубовта, туку со разликите во размислувањето помеѓу мажите и жените.

Така, доаѓаме до неколку реченици, кои памените дами никогаш, или барем ретко му ги кажуваат на својот партнер.

Мораме да разговараме

Неприкосновено прво место на листата. Мажите не поднесуваат драматични најави, подобро веднаш да се премине на работата. Исто така, кај нив оваа реченица веднаш создава чувство на вино и чувство дека нешто погрешно направиле.

Мојата другарка мисли дека нашиот однос е здодевен

Да, мажите со своите пријатели разговараат за вашиот однос, но остануваат воглавно на општо ниво, додека жените одат во детали. Без разлика дали таа е блиска пријателка или не, ниту еден маж не сака да слуша како некој друг ги оценува неговите квалитети.

Сите мажи…

Од оваа генерализација припадниците на посилниот пол дефинитивно се ежат. После овие зборови тие нема ниту да ве слушаат, бидејќи имаат впечаток дека веќе сте им пресудиле, односно, веќе сте ги прогласиле за виновни.

Доколку ме сакаш, ти би…

Повторно слична приказна – мажите се склони да покажуваат преку дела, а не прек зборови, што навистина чувствуваат, и кога ќе се соочат со реченица од овој тип, тие не знаат како да одговорат. Тие попрво би сакале жената да им каже што точно сака, наместо да ги доведува во прашање нивните чувства.

Ако твоите пријатели…

Жените за пријателки често ги бираат личностите со кои делат исти размислувања и ставови, додека мажите се помалку склони да се задлабочуваат во тоа што нивниот пријател работи. Најважно им е да имаат заеднички активности и коректен однос. Ваквата фраза тие ја доживуваат како закана за нивното пријателство и како најава за забрана на друшење.

Сто пати ти кажав

Уште една работа која мажите не сакаат е постојано задевање и драматично потсетување на проблемите. Не е работата во повторувањето туку во тоа што постојано се вратат истите заклучоци кои не водат никаде ниту помагаат во решавањето на проблемот.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *