Немате енергија? Овие четири намирници веднаш ќе ве освежат и вратат во живот

Постојат намирници кои можат да го подигнат нивото на енергија подобро и од кофеинот. Тие спаѓаат во групата на јаглени хидрати, а богати се и со влакна, па поспоро се варат и обезбедуваат непрекинат ток на енергија во телото.

Овие четири намирници ќе ви помогнат да ја одржите вашата енергија во текот на денот.

Пуканки

Пуканките имаат малку калории, масти, шеќер и натриум. Тие се добар извор на антиоксиданси и можат да ја задоволат потребата за енергија. Пуканките се намирници кои поголемиот дел од луѓето ги обожаваат, а се конзумираат самостојно или во комбинација со јаткасти плодови.

Путер од кикирики

Доколку ви недостасува енергија, овој путер е идеална намирница за вас. Овој путер е добар извор на протеини и влакна, не го менува нивото на шеќер во крвта и е идеален за слабеење. Конзумирајте две лажици, два пати неделно, и очекувајте вашите килограми магично да исчезнат.

Банани

Бананите изобилуваат со калиум и помагаат во одржувањето на потребна енергија. Доколку и во вашиот план на исхрана се наоѓа ова вкусно и здраво овошје, сте го збогатиле своето мени со намирница која содржи многу хранливи материи потребни за нормално функционирање на организмот. Освен што позитивно влијае на здравјето, бананата може да ви послужи како гориво за тренинг или извор на енергија за извршување на секојдневните обврски.

Сладок компир

Слаткио компир се конзумира насекаде ширум светот. Тој е богат со влакна и витамин А и Ц, како и магнезиум и железо, но и калиум. Иако компирот има сладок вкус, тој не содржи дополнителен шеќер.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *