Нема да ја препознаете: Погледнете како денес изгледа познатата Шехерезада (ФОТО)

Преубавата Шехереазада прилично се променила од крајот на популарната серија.

Актерката Бергузер Коре, или како што домашната публика ја памети, Шехеразада, во серијата “1001 ноќ”, целосно го промени излегот и денес е речиси непрепознатлива.

Бергузер ја скрати својата препознатливо долга коса и сега носи кратки локни кои целосно го променија нејзиниот имиџ.

Турските медиуми пренесоа дека косата ја скартила поради една улога, а според објавите на Инстаграм, изгледа дека промената и се допаднала и неа, но и на нејзините обожаватели.

Бергузер е во брак со колегата Халит Ергенч кој во планетарно познатата серија “1001 ноќ” го глумеше Онур.

Токму на снимањето на таа популарна серија тие се заљубиле и двајцата ги напуштиле своите тогашни партнери за да можат да бидат заедно.

Иако неодамна се пишуваше за нивниот развод, тие информации набрзо беа демантирани.

Како вам ви се допаѓа новиот изглед на преубавата турска актерка?

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *