Непишани правила: 3 карактеристики кои жените ги сметаат за најатрактивни кај мажите

Изборот на партнер во денешниот свет може да делува прилично комплицирано, а истражувањето покажува дека поголемиот дел од луѓето се држат до непишаните правила, кои доминираат со генерации.

Едно меѓународно истражување, спроведено пред повеќе од 30 години, открило кои се трите карактеристики кои тогаш биле најпосакувани, а новото истражување на Универитетот Тексас во Аустин, потврдило дека тие три карактеристики го издржале тестот на времето и ден денес се сметаат за најатрактивни кај потенцијалниот партнер.

Во двете истражувања учествувале повеќе од 14.000 луѓе од 45 различни земји и интересен е погледот на фокусот на луѓето кога станува збор за избор на потенцијален партнер. Помалку е изненадувачки што изгледот и парите воопшто не се на листата на најпосакувани карактеристики.

Љубезност

Бројни истражувања потврдија дека љубезноста е посакувана карактеристика, бидејќи создава хало ефект поради кој личноста станува и физички далеку поатрактивна. Поединци кои лично се познавале со луѓе од фотграфиите морале да ги оценат и по допаѓањето и почитта која ја чувствуваат кон нив. Истражувачите заклучиле дека луѓето, колку повеќе почитуваат одредена личност, таа станува поатрактивна.

Интелигенција

Постојат очигледни причини поради кои некој ја вреднува интелигенцијата кај партнерот, но дури и од перспектива за преживување на личноста со супериорна интелигенција веројатно ќе и успее да ги преовладаат најголемите закани и предизвици, за кои истражувањето напоменува дека се во склад со еволуциските хипотези.

Здравје

Како што покажува истражувањето, тие кои видливо одржуваат добро здравје обично се сметаат за поатрактивни. Авторите на истражувањето го препишале ова откритие на еволуциските корени. Отсекогаш сме биле водени со тоа да здравите гени ги пренесуваме на идните генрации.

Исто така забележиле дека во земјите со поголема преваленција на патогени, што значи поголема присутност на болести кај населението, луѓето биле посебно загрижени за тоа колку е здрав нивниот потенцијален партнер.

Испитаниците биле прашани и за важноста на физичката атрактивност и материјалниот статус, а љубезноста, интелигенцијата и здравјето сепак се најдоа на врвот. Авторите на истражувањето наведуваат и дека жените ставаат нешто поголем нагласок на овие три карактеристики.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *