Несреќен камионџија добил 20 евра казна, но сега таа порасна на 14.220 евра

После контрола на сообраќајната полиција во Германија, јавноста зборува за еден од најскапите прекрошоци во историјата.

Имено, казната од 20 евра за паркирање на велосипедстка патека набрзо се претворила во рекордна казна од 14.220 евра.

Еден 57 годишен возач на камион од подрачјето на Нирнберг, кој со својот камион ја блокирал велосипедската патека во Бохум, е фатен додеак го правел прекршокот. Започнал гласно да нагодува и да се кара со полициските службеници, што само ги влошило работите. Полицајците тогаш одлучиле да извршат контрола над возилото и тахографот.

Кога полицајците подобро погледнале во возилото, вклучувајќи го и тахографот, откриле не само различни кршења на дозволената брзина, туку и речиси секојдневни прекршувања на пропишаните времиња на возење и одмор во текот на контролниот период од 28 календарски денови.

Полициските службеници на местото ги внеле собраните податоци во компјутер и дошле до казна од 14,200 евра. Тука се и дополнителни 20 евра казна за непрописно паркирање.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *